Македонска фудбалска репрезентација

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.979
Поени од реакции
45.272
Ова беше класичен пример зашто сме вљубени во овој спорт, каде е најлесно давид да слави против голијат, тотално потценети и сметани за шега, дури и изигравме просечен накај лош меч, воопшто не бев задоволен од играта, далеку од она што го можеме и пак славевме.

Португалија ќе биде уште потежок залак, со вакво издание ко денешното нема што да бараме таму али секој меч е приказна за себе. Проблемот денес не беше од тактичка природа, верувам дека сер Боби имал идеја како до триумф против ваков посилен ростер и актуелен Европски Првак, али проблемот повеќе беше од психолошка природа, нарочито во прво полувреме каде прост пас не можеа да погодат, на моменти и фудбалот го промашуваа во свој шеснаестерец (Николов) али ништо од тоа не беше казнето, тие 0-0 на полувреме беа класична премија, нарочито после ова

1648163894188.png

Исто шанса која дојде по катастрофална грешка на одбраната, во случајов на голманот. Среќа Берарди покажа и докажа зашто со години не може да мрдне од Сасуоло и шутна премизерно. Среќа што и Манчини си го покажа она лузерското на моменти у него што го краси, тотално промашени измени, играње на играчи надвор од своја позиција, ко Пелегрини на пример, и крстење на крај у ... Жоао Педро, да е последен играч на светов не би сметал на овој, општо срамота за Италија е да натурализираат играчи, па нарочито вакви ко Педро.

Тие 15 минути пауза не верувам дека се дискутирало нешто за тактика, повеќе се работело на главата на играчите каде лежеше главниот проблем за очајното прво полувреме. Второ друга слика гледавме, не дека направивме шанси за гол, освен голот тоа беше од нас али каде-каде бевме постабилни во одбраната, не правевме грешки на своја половина и тоа све резултираше на една Италија која цело време јалово напаѓаше, една добра шанса имаа италијанците, онаа на Берарди и блокот на Алијовски и на крај една случајна у 95та на која на сите срцето ни застана за момент.

Го гледав голот едно 20 пати, Жоржињо доколку не се фокусираше на барање рака и притоа и исклизаше 90% ќе го блокираше овој шут, али за наша среќа се понашаше ко што се понашаше иако има ВАР, тој инстикт што уште го имаат играчите да бараат пенали, офсајди и слично и притоа да не внимаваат на игра тука прилично добро ни дојде.

Да се навратам на португалците, креираа една нова добра генерација на фудбалери, технички предобро стојат, периодов и Жоао Феликс им влезе у многу јака форма и у моментов е доста потценет фудбалер само зашто се гуши у системот на Чоло во Атлетико а уствари е преголем потенцијал на кого му типувам блескава кариера иако у моментов не стартува за нив али па ќе им е бонус од клупа. Жота исто е во супер форма во Ливерпул, го имаат Роналдо кој ќе стори све за да игра на уште едно СП кое ќе му биде и последно, Бруно од јунајтед е уште еден со квалитети на гејм џејнџер и секако Бернардо Силва кој у моментов е можда главна карика у системот на Пеп. Најголема маана на оваа нивна генерација е тренерот, сличен проблем ко што италијанците имаат со Манчини во моментов, знае многу да се губи иако и двајцата доставија ЕП ко тренери, тој моментум го изгубија и репките им играа далеку од оној нивни максимум па се надевам ова ќе е тренд и на Драгао мислам, каде што ќе играме.

Пак ке кажам, психолошки мора максимално да ги спрема Боби следниве неколку дена, никогаш не биле пред ваков спотлајт до сеа у кариерата, и играњето на ЕП не се споредува со ова, така да таа трема и страв што ја имаа со Италија едноставно не смее да им се повтори и во Португалија, они нема да праштаат.

Елмас се враќа кај нас, добивме прејак ветер у грб денес така да ни преостанува да го дадеме максимумот па што биде-биде, за оваа радост и прилика секако вечно ќе им бидам благодарен, ја тепаа Германија на нивни терен, играа на ЕП и го елимираа актуелниот европски првак на нивни терен, за да сеа се само 1 меч пред идење на СП.

:oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.556
Поени од реакции
26.306
Види ги Англичаниве комплексаши, повеќе се радуваат на победава од нас :pos::pos:
Какви ејакулации од англичаниве има на нетов, да помислиш им ја дадоа титулата од ЕУРО 2020 на нив заради поразов на Италија.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Заебанциите на страна...мене страв ме фаќа да не не згрмат јако Портуалците...громој од тим имаат и сите напред му се технички соврешни до еден...само се надевам дека Леао и Фелиш нема да играат бидејќи има да не торпедираат......сега му го гледам составот пичку матер еј..сите кој од кој....ама ние ги имаме синките Елмас и Трајковски што ќе бидат доволни за СП :kafence:
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.306
Поени од реакции
11.643
Нека не згрмат. Што е, тоа е. Само да не се опуштат нашиве. Тоа повеќе ме плаши.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
2.103
Поени од реакции
3.853
Од екс-ју републиките остана уште Црна Гора да ја победи Италија.

Браво за Милевски и поставеноста, ете и тој со една голема победа против голема репрезентација. Некако март е убав за вакви резултати. :D Пред една година беше Германија, сега Италија, па за 5 дена нека е и Португалија.
 

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.026
Поени од реакции
7.125
Уште го делите мислењето? :D
Едвај чекаше да ми го лепнеш, ако не ти се вртело у глава по голот сега ќе го дупчам струмичанецот еве на, ама пак за Јаховиќ го избаци од прва единаесетка и газиме (мора пак паметен да се правам) :D:D:D:D.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.902
Поени од реакции
7.454
I za kraj,da ne zaboravimw na odlicnata idea na lopovite, Italija kje treba da odigra natprevar za 3 mesto protiv Turkiye

Sent from my SM-G990B using Tapatalk
 
Член од
9 декември 2012
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.100
Тоа е изговор за ниедна национална тв да не пренесува? Еве не ми се даваат плус пари на телеком за ск1 плус огромен срам е да игра македонска репрезентација ,а тие кутрите да несакаат да платат тв права и да гледа цела Македонија?
Умре тоа време бесплатно да гледаме. Нема изговори, нема срам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom