Па Европа и САД ќе мора да дојдат некако до рубљи. Во нормални услови тоа би значело поголем извоз во Русија на роба за да добијат рубљи кои после би ги искористиле за да купат гас и нафта. Е сега зошто забранија какви било финансиски и економски врски со Русија, тоа би значело дека САД и ЕУ ќе мора да купат рубљи од трети земји ( Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Индија, итн.. ) кои извезуваат роба во Русија за после со тие рубљи да го купат гасот. Ова ќе доведе до поголема економска размена на овие трети земји со Русија и нормално зголемување на вредноста на рубљата.
Е сега се јавува еден екстра проблем, а тоа е дека Русите воопшто не увезуваат многу.300 милијарди годишно им е вкупниот увоз, наспрема извоз од 400 милијарди. А и од тие 300 милијарди увоз скоро 60% одпаѓаат на ЕУ и Америка. Увоз кој сега ќе биде прекинат. Па така ЕУ и САД ќе мораат да најдат рубљи за некој 200+ милијарди евра увоз на суровини, а сите преостанати извозници во Русија немаат обрт поголем од 120 милијарди годишно.
Ова ќе доведе до експлозија на вредноста на рубљата, а ако направат слични договорри и со Индија и со Кина + трговија на валути. Многу набрзо може да почнат и некој други сојузници како Венецуела на пример да почнат да ја тргуваат нафтата за рубљи ( може и рубљи подкрепени со злато). Ако и Саудиска Арабија и Емиратите почнат пак да ја продаваат нафтата на Кина за јуани или некоја нова валута дали дигитална дали подкрепена со злато, тоа би било катастрофа од епски пропорции за Америка и последователно за ЕУ.
Има да почнат од цел свет да им се враќаат доларите назад во Америка и еврата во ЕУ што ќе почне таков циклус на инфлација и после хипер-инфалција, што на Венецуела и Зимбабве инфлацијата ќе изгледа како шега. А Американците се толку заглавени во долгови ( скоро 50% од буџетот годишно им се состои од позајмици) и зависни од кредити со каматни стапки од 1-2% што ако ја дигнат каматата ситуацијата набрзо ќе отиде комплетно во аут. Целиот државен буџет ќе им оди на одплаќање на долгови. Моментално плаќаат 450 милијарди долари годишно само во камати на каматна стапка од 1.4%. Буџетот им е 6.6 трилиони долари од кои 3.3 трилиони долари се ПОЗАЈМИЦИ. Значи имаат приходи од само 3.3 трилиони долари. Они веќе имаат "официјална" инфлација од 7%, иако реално е најверојатно 20%+. Дури и со официјалната инфлација да се справат би значело дека треба да ги дигнат каматите на 8%. Или тоа би значело дека ќе треба да плаќаат по 2.5 трилиони долари или накратко целиот буџет скоро што е невозможно.
Е сега видите колкава треба да им биде каматната стапка за да се справат со реалната инфлација + инфлацијата која би се појавила од дотурот на долари од целиот свет назад во америка. Тука збориме за трилиони долари. Најверојатно каматната стапка ќе треба да биде 50%. А тоа не е возможно. Грешките се веќе направени и нема излез од оваа ситуација.