Ова е само мое лично мислење, свесен сум дека веројатно 99% од оние што ја симпатизираат Барса не го делат...ама...Халанд за без пари не би го земал, 75м плус миљарда за Раиола и плати не фала. Скоро се што е од Дортмунд е превара. Левандовски излезе супер трансфер, за без пари. Дембеле, Кагава, Сахин и милион други не. Барса пропадна од вакви глупи трансфери, не фала. Примарна цел е да се ослободат од Кутињо, Гризман, Умтити и остала боранија и ако има кеш некој паметен трансфер, не пак истата приказна. Сезонава тинејџери не носат на грб, Ла Масиа секогаш ќе биде подобар избор од скапи платеници.