Не знам како да ти кажам ама не ми треба eupedia за да се едуцирам. Последните 7 год. од животот ги посветив на популациона генетика и наследство како хоби. Eupedia е добра за некој кој допрва почнува да учи и за да ги разбере основите на популационата генетика. Што е yDna, што е mtDna, што е auDna итн. Нејсе, администратор сум на еден проект при FTDNA со повеќе од 200 членови и имам статистички увид за тоа како стојат работите.
Бидејќи не можам да те едуцирам овде, само ќе ти речам дека народот кој што се нарекува Македонци генетски стој најблизо до Бугарите, Албанците и Власите ако се земат како параметри auDna(целокупното генетско наследство) и yDna(директна машка линија).
Денес имаш генетски стебла видливи на интернет каде приватни корисници можат да ги прикачат своите BAM датотеки а со тоа да го најдат своето место на филогенетското стебло. Едно од таквите филогенетски стебла е и тоа на
YFULL, приватна руска компанија.
На нивното филогенетско yDna стебло има и доста корисници со потекло од Македонија. Обично филогенетското стебло го покажува степенот на поврзаност помеѓу различни корисници со помош на TMRCA(time to most recent common ancestor) а кое што се одредува со оглед на тоа колку мутации во У хромозомот(yDna) одредени членови на филогенетското стебло делат.
Еве еден пример:
www.yfull.com
На оваа гранка од yDna филогенетското стебло има Македонец од Битола и Албанец од Скадар. TMRCA е 700 год. што значи двајцата имаат заеднички машки предок и тоа по директна машка линија(прадедо - дедо - татко) кој живеел некаде пред 700 год. плус минус 100 год. бидејќи нема постојана константа на појава на нови мутации на У хромозомот а како средна вредност се зема време од 80 - 140 год. во зависност од резолуцијата на тестот кој е купен.
Инаку нивната гранка е именувана како Ј-Y316627 според именувањето на една од мутациите(SNPs - single nuclear polymorphisms) кои што ги споделуваат помеѓу себе овие двајца. Истата таа гранка е потомок на едни постари гранки идентификувани како J-L283 и J-M241 а кои се пронајдени кај илирските племиња во Хрватска и во Италија во најновите архео-генетски истражувања:
Abstract. The geographical location and shape of Apulia, a narrow land stretching out in the sea at the South of Italy, made this region a Mediterranean cr
academic.oup.com
If you like this, check out my new channel on Spotify, Our Male Line Ancestors - https://open.spotify.com/show/0PuWZNvIgnlDOHAcQuVXE6This is a brief, introdu...
m.youtube.com
Најголема застапеност на оваа гранка или хаплогрупа има кај Албанците а потоа следуваат Грците, Македонците, Романците и Бугарите.