Брука во КАМ маркетите

Член од
28 јуни 2018
Мислења
805
Поени од реакции
970
Не е проблемот во тоа дека е зејтин, туку дека маркетот не смее да ги крие производите од купувачите, за тоа и се казнети. Значи кога зејтинот што го даваат гратис би го имало и на рафт, немало да има никаков проблем, тоа е легитимно право на маркетот да дава гратис производ. Но тие целата количина на зејтинот ја чувале во магацин, и тоа не во еден маркет, туку во неколку, додека на рафт не може да се купи зејтин, зашто нема. ДПИ ова го гледа како маркетот да те условува, ако сакаш да „купиш“ (добиеш) зејтин, да мораш да направиш сметка од 800 денари. Таму лежи проблемот.
Taka e. Ne znam sto im e tolku tesko da go razberat ova KAMobranitelite.

Rizik stvara profit (800+ mkd kolku napravile promet vo panika). Ama ima i consequences ako preteras (16k EUR).

Se nadevam im se isplatel potegot. Najverojatno :)
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.316
Абе чим видиш тема отворена од нејзе, знај дека целта е трач муабети.
Значи да потрошиш 800 денари во Веро или било кој друг маркет, ќе ти дадат само фискална. Овие даваат нешто со вредност од 80-100 денари, и пак они се чувствуваат измамено. Акција направена од маркетот кој работи со најмала маржа. :facepalm:
Еве кажете дали има маркет кој со одредена висина на сметката ти даваат некој производ со толкава вредност?
Не е за овој народ ни бомбона гратис а не па шише зејтин.
Ам, све е тоа во ред. Гратис давањето работи отсекогаш постоело и го има и во другите маркети.

Мене лично ме нервира во цела оваа ситуација тоа што до пред некој ден кога и да отидеш во кам немаше ниту брашно, ниту шеќер, ниту зејтин, ниту сол, ниту шпагети, ниту макарони, ниту конзерви, ниту млеко. И сега магично има, па дури и за да се дава гратис со сметка над 800 денари.

Хм, нешто не штима затоа што ако нештото е дефицит, последно нешто што ќе правиш е да го даваш на гратис акција.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Аха, значи немаш конкретен пример, само рекла-казала, исто како и со она дека продавале стара роба од 2020. Океј :ROFLMAO:
Кај сите има и стара роба, во ВЕРО што е најскап пред 2 месеци купив расипан чизкејк, претходно во Тинекс ми лупнаа расипано пиле (од тие свежите), поминат рок на јогурт...сум наоѓал и друг пат, ама генерално гледам датуми кога купувам и ако го видам дека е при крај/поминат рокот не го ни земам.
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.099
Поени од реакции
9.528
Абе да се буниш затоа што давале гратис зејтин :LOL:
Болни луѓе у пм, отиди у друг маркет земи си што го нема во овој и така има по неколку на еден хектар место. За овие глупи луѓе треба како у Југославија, само монопол и дери ја оваа проста маса.
Иначе сестра ми пазарувала вчера или завчера, не сум сигурен и земала 6 шишиња гратис.
Радувајте се на разноликост, на разни понуди, на поголема конкуренција и така ќе ви бидат цените поевтини и нема да се ствара монопол.
 
Ако ни снема зејтин по дома сите кај дадичка твоја. :D
 
Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
4.099
Поени од реакции
9.528
Ако ни снема зејтин по дома сите кај дадичка твоја. :D
Отишло веќе тоа у една од двете фринтези што собираат по 10 литри.
Ако ви треба прегорено палмино имам ја, чувам резерва како енергенс, имам веќе собрано 400 литри :D
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.316
Отишло веќе тоа у една од двете фринтези што собираат по 10 литри.
Ако ви треба прегорено палмино имам ја, чувам резерва како енергенс, имам веќе собрано 400 литри :D
Јас маслиново преферирам. Ама за не дај Боже ако снема, во кризни ситуации човек мора да се адаптира.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.444
Поени од реакции
11.316
Маслиново во КАМ има колку ти душа сака. Ако нема во Скопје, кажувај да праќам од тука:backa:
Дааааа, немам проблем јас со зејтинот. Али ко секој просечен Македонец, не можам да останам воздржана на теми кои го засегаат општеството.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
22.239
Ne ja razbiram kaznata. Gi kaznile deka imale maslo ama ne go stavale na prodazba? Pa toa e nivno pravo. Primer imas ovaa nedela maslo na popust i si odredil x kolicini da prodades. Ako si prodal ne stavas od drugoto tuku sledna nedela. Sekade vaka se postapuva. E sega na kraj kupuvacot treba da gi kazni i da ne pazari povekje tuka ako mu preci. Koj saka da pazari vo prodavnici kade sto pola od robata ja nema? Ke odi na drugo mesto.
 
Па да. Али ова е профитирање на маката на народот. Не гледам разлика од лабораториите и фармацевтските компании кои заработуваат во време на криза на сметка на народот.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Ne ja razbiram kaznata. Gi kaznile deka imale maslo ama ne go stavale na prodazba? Pa toa e nivno pravo. Primer imas ovaa nedela maslo na popust i si odredil x kolicini da prodades. Ako si prodal ne stavas od drugoto tuku sledna nedela. Sekade vaka se postapuva. E sega na kraj kupuvacot treba da gi kazni i da ne pazari povekje tuka amo mu preci. Koj saka da pazari vo prodavnici kade sto pola od robata ja nema? Ke odi na drugo mesto.
Се сложувам, ако во записник ми е дека таа палета е наменета како подарок, а не за продажба, за направена сметка, ќе ја давам гратис. Нивно право и убава акција. Ако не ти се допаѓа таа контретна политика, оди во друг маркет. И да, едно време тука немаше ни зејтин, ни шеќер, но сега има. Претпоставувам дека залихите им беа потрошени. Не гледам причина за паника.

Дури не мора да има ни леб, ни брашно ни зејтин по маркетите се додека има одлука за продажба на овие продукти по набавна цена. Имаат право на револт кон политиките на владата. Зошто да ги продавам за нула профит? Сосема непродуктивна мерка од онаа за замрзнување на цената на основните прехрамбени продукти.
 
Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.670
Поени од реакции
35.324
Дааааа, немам проблем јас со зејтинот. Али ко секој просечен Македонец, не можам да останам воздржана на теми кои го засегаат општеството.
Многу теми го засегаат општеството драга. Една од нив е зошто ДПИ нема контрола на пазарот во западна Македонија? Дали ДПИ направи проверка во Чаир, Сарај, Арачиново?
1 литар масло (Бисер) во Струга вчера се продаваше по 134 денари. Што е скоро 40 денари поголема цена од пред 3 недели и никој не се буни. Нели имавме замрзнати маржи, укинување на ддв, дрн дрн. Или сепак мерките важат само за плаќачите на данок, а останатите угнетени се ослободени, пред нив ќе се замижува.
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.547
Поени од реакции
22.239
Па да. Али ова е профитирање на маката на народот. Не гледам разлика од лабораториите и фармацевтските компании кои заработуваат во време на криза на сметка на народот.
Prodavnici ne se socijalni ustanovi tuku strogo rabotat kapitalisticki. Iskreno vo vakva situacija kade nema maslo ti davaat maslo gratis za 800 Denari promet. Iskreno mislam deka e ova mnogu dobra ponuda. Toa sto nema istovremeno maslo e drug problem kazav ja najubo kako da se postapi kako potrosuvac.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.530
Поени од реакции
114.733
Gi kaznile deka imale maslo ama ne go stavale na prodazba? Pa toa e nivno pravo.
Не е баш така како што мислиш, си има закони што треба да се почитуваат, особено што маслото, брашното, лебот, јајцата итн се сметаат за ОСНОВНИ прехранбени продукти. Значи на кратко, ако имале поставено масло на рафтовите и истото се продавало, а во меѓувреме е поставена промоција со сметка над 800 денари да добиеш гратис еден литар тогаш нема ни причина ни основа за казна. Ама, ако немало масло на рафтовите а го давале гратис со сметка над 800 денари тогаш казната е оправдана зашо на еден начин вршат уцена на купувачот за производ кој се смета за основен дел од исхраната на човекот. Замисли за леб направат така, да немаш леб на полиците и само со сметка над 800 денари да можеш да го купиш истиот, во ред ли ќе е?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom