Не се луѓето толку глупи колку што се суетни и не сакаат да научат. Најголем број на луѓето се околу просекот што се однесува до интелигенцијата, и со малку труд и учење би делувале поинтелигентно од што реално се, и би имале поголем успех во животот, ама никој не сака да го вложи тој труд. Јас лично повеќе ценам луѓе кои се отворени и спремни нешто да научат, иако не супер интелигентни, за разлика од оние со 120+ IQ кои од мрза пропаднале во животот. Бидејќи на крајот од денот, единствено конкретно што можеме да измериме се резултатите остварени во животот.Тебе се портокалово накај црвено околу тебе ти се гледа, признај
Мене лично многу ми се свиѓа пристапот на Џордан Питерсон кога сака некого нешто да научи. Не му пристапува со ароганција и желба да го понижи, туку постепено му укажува на грешките во мисловниот процес. Јас на моја голема жал (ова искрено) никогаш не ја научив лекцијата на стрпливост, така да и оние работи што ги знам многу тешко ги пренесувам на другите.
Последно уредено: