За Хакан сватив дури кога потпиша за Интер, за Кеси многу порано, дека едноставно сакаат да си одат од клубот. Веројатно не од исти причини, но финансиите не се единствениот мотив, особено што ни Хакан, а изгледа ни Кеси, имаат некои многу високи договори. Кај Хакан имаше некое незадоволство, дали од односот на соиграчите, на Малдини или комбинирано. Се гледа тоа од неговите изјави што ги дава. Кај Кеси е повеќе желба за нешто ново и докажување.
За напаѓач сум на иста мисла како и пред една година. Да се троши на навистина перспективен напаѓач, само ако веруваат во него, во спротивно крпење со некој како Жиру, Ориги, Лаказет, до некој добар трансфер.
Нема потреба да се фрлат +20 милиони на некој просек, што нема да донесе многу.
Подобри и поопасни можат да бидат и со инвестирање во крило и во некоја десетка, па и осумка, зависи од формација.
Ни треба напаѓач, но многу битно е да се избегнат трансфери од типот на Силва и Пјонтек.
Со оглед на тоа како изиграа Малдини и Масара во однос на дефанзивец и не земаа никого, само колку да земат, дури ни на позајмица, сигурно нема да инвестираат и во напаѓач, само колку да донесат некого.