Патот за тие инвеститори беше отворен од поодамна. Трасиран е патот за такво функционирање во овој спорт практички отсекогаш.
Британците свесно креираа таква економска атмосфера за да било кој со повеќе капитал влезе во англискиот фудбал и повлече две, наместо дотогаш една нога. Премиер Лигата никогаш не го имала приматот најдобра, до моментот на стапнуавње на Абрамович на англиско тло. Случајно или не. Сите тимови се кренаа на повисоко ниво. Манчестер Јунајтед играше три финалиња во ЛШ и веројатно најдобриот фудбал под Фергусон. Арсенал освои титула без пораз. Па Сити, па Ливерпул, па Тотенхем колку-толку некој фактор барем накратко и надвор од Лондон. Не дека директно поради самиот Роман, но не може да се игнорира тајмингот никако.
Нана Тереза, нормално дека не е. За стекнатите пари, не сакам ни да зборувам. За жал тие се околностите и надвор од фудбалот. Глејзери и Хенриевци сигурно со чесна работа и работа во смени во фабрика го стекнале богатството?
Така што,
@xxixka во тој поглед и не греши многу. Тие потајно Роман со две раце го пречекаа. Во јавност дрва и камења, надвор од очите на јавноста, одличен повод за пренатрупување на лигата со капитал и енормна комерцијализација низ целиот свет. Абрамович им беше добар повод да речат ,,е јебига, дојде Русинот со пари и сега ќе мораат и други".
Замислете некој Британец богаташ да им го чепнеше светиот спорт и да започнеше со ,,уништување" на истиот.
Пак ќе речам, да беа толкави морални громади и цврсто да се држеа до принципи, Абрамович во 2003 година само на ТВ ќе го гледаше Челзи. Истото и со Арапиве во Њукасл. Не, никако, газдата ваков, таков, онаков. После вториот обид, оп - ги примија како попчиња.
Секогаш биле и ќе бидат кучки на капиталот и за нив тоа е исклучиво важно.
Останатото е претстава за народ и добро алиби.