Потполно е исто, и тебе ти е јасно. И точно за фактите зборуваме. Империите не бираат каде ги бранат своите интереси. Русија да беше помоќна, и таа ќе се ширерше колку што се шири САД. Пред некој ден на примерот на Босна ме убедуваше дека нема стратешки неважни држави, сега Македонија е неважна, бидејќи и не ти одговара на тезата да биде важна. По логиката дека на сила не втурнаа во НАТО, очигледно САД не сметаат дека сме стратешки неважни.Прво, не разговараме за етика, туку разграничуваме кои се фактите.
Второ не е исто на соседот да му направат воен удар и така да го направат непријател кој ќе го примат во непријателски воен сојуз - и истото во некоја далечна релативно неважна држава. Подобра паралелата би била ако Русија го регрутира Мексико за членка во ЦСТО па да правиш компарација со САД и буткањето на Македонија во НАТО. Едното е важно за државата чиј сосед станува непријател, другото за далечната мала држава - не е важно.
Така да хипокризијата, ако ја има, е целосно твоја.
Види, немам јас против да си навиваш за Русија, ама ме нервира дволичност. Македонија е жртва на САД, а Русија е херој во Украина. Тоа се такви одвратни двојни стандарди да е просто невозможно.