Справите се изгор тука оти работната рака е поскапа за неколку пати во однос на мкд. Работници кои работат со заварување коштаат по 35-50 долари за саат (ова е колку цела дневница на истиот кадар во Македонија).
Дури и увезените справи се изгор, power rack профи за во теретана ти е од 1200-4000 АУД, зависи што и како сакаш да има на него. За домашна употреба има и поефтини (најниско на акција имам најдено за 700 АУД, ама тоа не е за во теретана, нежен материјал, нема да издржи повеќе од 100кг товар. Кардио справите за профи користење исто од 1500 долари па нагоре, има статични велосипеди и за 700-800 АУД, но тешко дека ќе изгураат подолго од 1-2 години.
Дечките кои работат во теретаните исто мора да ги платиш по 30+ долари од саат (персонални тренинзи и профи тренери наплаќаат и по 70-100 АУД од саат).
Стари викаат со сув газ не се фаќаат риби, во секој бизнис има инвестиција, затоа не секој може да биде бизнисмен. Ова е бизнис кој ако е добро поставен од старт, не побарува многу кадар, и нема голема амортизација на самите справи. Еве ги тука 90% од локациите работат по 24/7, си имаат имплементирано дигитални системи и никој нема да оштети/укради ништо оти има камери и тракинг кој кога влегол/излегол. Да, системот кошта сигурно уште колку третина теретана, ама затоа со еден човек во шпицот може да одржуваат огромен фитнес центар. Згора на тоа имаат и профи веб страни, целото пријавување и регистрација го правиш таму со се системи за наплата, не како во мкд кеш на рака и сива економија.
Верувам дека имаш личен интерес во овој бизнис во МК, и те погодува ова што го зборуваме, но ако сакаат луѓето да добијат квалитетни справи за цената што ја плаќаат, ќе мора да се комерцијализира и да го држат како бизнис луѓе кои се спремни да инвестираат, а да го враќаат капиталот со тек на време. Односно, како бизнис со пасивен приход, и само уште една инвестција покрај останатите бизниси, а не луѓе кои го гледаат како фамилијарен бизнис и очекуваат од прв ден да заработуваат пари. Справите и теговите се капитална инвестиција, ако истата се враќа за 5 години, а има период на целосна амортизација од 8 години, луѓе со многу пари би инвестирале без око да му трепне. Долгорочно гледано, ако кошта 100 000 евра и истите после трошоци ги враќаш за 5 години, значи во следните 3 години ќе заработиш уште 60 000 евра што на 8 годишен период е екстра.
Е Македончето (барем тие кај што сум вежбал и ги познавам лично) сакаат: да заварат или да купат половни справи, да му удрат една боја, цела инвестиција да ги фати 10-15 000 евра, секој месец да имаат по 50-100 клиенти и да ги вратат парите во првите 6-12 месеци, а после тоа да гураат со справите уште 20 години заработувајќи секој месец по 1000-2000 евра, и да џаболебарат по цел ден вртејќи ги клучевите низ раце. А и да не заборавам, да шиткаат протеин на дозерка, да испадне уште некоја илјадарка, и по некое паковање стеродии од под маса.