Владе Милчин:
"Тие што денес ја забрануваат руската култура маршираат во стројот на Сталин и неговиот следбеник Путин. Од безумие или од неписменост, сеедно.
Ќе ги забранат оние кои поради слободоумност биле прогонети во Сибир на каторга, во гулазите, во затворите Љубјанка и Бутирка, жртвите на НКВД и КГБ?!
Од Достоевски до Булгаков и Солженицин, од Пастернак до Мандељштам, Цветаева и Бродски, од Мејерхолд до Козинцев и Параџанов, од Чехов до Ердман…
Долг е списокот на руските и советските писатели, композитори, режисери, сликари кои не потклекнале пред самодржците.
Без нивните дела ќе капитулираме пред безумието и варварството на 21 век!"