Добро, не е попаметно да мислиме со своја глава? Во спортските и во сите други весници и онака немам некоја доверба зошто мислам дека ретко се објективни а и нивните новинари не се ништо попаметни од обичниот гледач кој разбира фудбал. Сега фала му на Бога има преноси, youtube, па мислам дека можеме сами да си носиме заклучоци а не некој друг да мисли за нас.
За судењето, прво за црвениот картон, мое мислење е дека Цезар си е самиот крив. Точно е дека можеше и да сакаше судијата ќе му прогледаше низ прсти, пред се затоа што немаше други стартови а во вториот ја погоди топката. Ама тоа не значи дека треба да добива напади на моментално лудило.
Второ, многу ја слушавме таа свирката и тоа секогаш ме нервира кога повеќе го гледам судијата одколку што гледам фудбал.
Прекинатата акција на Ибра треба да ја видам повторно не ја загледав добро.
Во секој случај, не видов некој да го фаворизира Интер денес. Нормално, да беше обратно, се она што денес се свирна против Интер да се досудеше против Удинезе сега ќе читавме сценарија и филмови на форумот. Вака, судијата бил супер, секоја му чест. И јас викам секоја му чест, само вака нека се суди, ем првенството ќе биде поинтересно ем на форумов ќе си бидеме раат.
А, ќе заборавев, немав време да прочитам се ама пак видов се активираа некои постови: ние онолку титули вие оволку и слично. Дај барем кога се зборува за некое коло или за некоја утакмица не почнувајте ги истите муабети зошто се се повторува. Вие ќе кажете колку титули имате ние ќе ве потсетиме колку сте местеле и ќе се вртиме во круг. Нема фајде од тоа. Секоја недела имам дежа-ву.