Македонската верзија има околу 200 стр. Зборуваме за исконската омраза, зборуваме за независниот дух на Украинскиот народ. Во книгата се зборува за изгладнувањето на тој народ преку квотите за живо наредечено Голодомор каде како последица на тие политики умреле неколку милиони Украинци.
Конвенцијата за геноцид е од 1938/9 и не може да важи ретроактивно (според моето мислење), но тоа би било класичен геноцид по книга.
Мене ми е јасно зошто Украинците му го вртат грбот на Сталин за време на WWII и ги пречекуваат нацистите како ослободители, што Сталин не го заборава.
На темава се зборува дека Сталин им дал територија, што е точно, но не и за тегобата која ја нанел на Украинскиот народ. Аргументите на совјетите, тие го негираат тоа злосторство, е дека наталитетот на СССР се зголемува за време на Сталини и сите бројки се пренапумшани од страна на западниот свет (т.е. пропаганда). Дали се? Честопати и да, но повеќе од 3 милиони луѓе умираат од глад за време на Голодомор. Тоа е факт.