Без разлика на све, дури и во една таква отежнувачка ситуација, каде што мораш да бидеш претпазлив. Она што е постигнато за 10 дена, не може да се спореди со ниедно друго освојување што досега е видено во модерно војување (слободно може да се провери, не ми се верува дека грешам во ова).
Кувајт, кој е пустина и кој е мислам дека 10.000 километри квадратни Американците го вратија за 11 дена. И тоа не од домашна армија, туку од армија која штотуку го завзема. Тоа што се случува сега во Украина е над 140К километри квадратни завземени за 10 дена. И тоа пази, се соочуваат со армија која е моментално втора по големина и по масивност во Европа. Армија која има 3К тенкови, армија која е подржана логистички и во оружје активно од најголемата светска воена машинерија.
Очекувањата што се креваат за освојување се нереални... Дури ни САД немаше да има повеќе напредок на терен за толку денови. Уствари САД немаше ни да влезе, ќе бомбардираше со месеци. Како за пример, 80 дена воздушна кампања правеа во Србија, речиси немаа никаква воена техника уништена. Украина во моментов е најмалку 10 пати помоќна од тогашна Србија. Ако погледнеме на работите, незнам дали НАТО глатко ќе поминеа копнено во Србија.
Тоа што се случува на терен и тоа што се чита на твитер, немаат врска едно со друго. Реалноста воопшто не ја знаеме. Ете многу луѓе се попалија тука ко млади мајмуни за престрелката во живо кај нуклеарната центарала, но само малку да беа паметни и да побараа на google maps, можеа да видат каде точно беше таа престрелка.
Само едно е сигурно, нацистите го убија најумерениот од преговарачите. А тоа значи дека се спремни ако треба цел народ да го жртвуваат за нацистичката идеологија. И цело ова залажување што им се случува на твитер иде во прилог на тоа.