МОЕ МИСЛЕЊЕ ЗА СИТУАЦИЈАТА ВО УКРАИНА:
Навистина добро објаснето! Вреди да се погледне:
Тоа е тоа. Војната во Украина е уште една прокси војна каде што има судир на интереси измеѓу Америка и Русија.
Не сум про - русија, нити про - америка, сум против нато и секако ќе кажам дека за војнава највеќе криви се Американците, поточно лидерите таму во САД и нивните интереси. Путин што е ненормален е ненормален, ама да не заборавиме дека Америка е таа што фрла бензин во огнот...
Да беше Трамп можеби ситуацијата ќе беше поразлична. Тој се залагаше против НАТО, неговото мислење беше дека НАТО е бескорисно, што и е. Иако не сум ни про - трамп, и имам доста работи за што сум против него, му давам голема поддршка за тоа што тој беше против НАТО и што тој беше во подолго време единствениот Американски прецедател за кој во негово владеење немало војна.
Исто така ме загрижува тоа колку Русофили и Србомани имаме во државава. Старци по Фејсбук убедени, веруваат дека Путин е некој "спасител", дека тој од злото ќе не спасел, и колку ли не глупости... да не заборавиме дека и Русите си имаат свои интереси како што има и Америка. Сакаат и они да бидат малку инфлуентни во светот, неможе веќе се Америка да командува... во 90-те по распадот на Советскиот Сојуз немале толку моќ Русите, но сека имаат.
Не ме сфаќајте погрешно, не сум против србски, руски и украински народ. Баш напротив како пацифист се залагам за помалце војни, повеќе мир меѓу државите, помалце случаеви каде што други држави ќе ти се мешаат во внатрешна политика и ќе ти наредуваат што да правиш. Жално е што и Србите се доверуваат многу на Путин и Русија, мислејки дека нешто ќе се промени, а Русите си ја гледаат Србија како една мала "играчка" со која што можат да реметат во Балканот. Исто е и со Кина горе - доле. Ама кога - тогаш ќе му дојде крајот и на Вучич, ако сакаат Американците ќе го сменат... гледајки дека Србија е единствена во Европа (ако не се грешам) која што даде поддршка за Русија.
Јас давам поддршка на Украина, поточно на Украинскиот народ. Да се избори за мир, да нема повеќе војна која што е од интерес на некои си трети (во овој случај судир измеѓу Америка и Русија).
СЛАВА УКРАЇНІ, СЛАВА УКРАЇНСЬКОМУ НАРОДУ!!!!
Нема никогаш да заборавиме кој ни даде поддршка и помош во војната во 2001 година. Тоа не беа Русите, туку Украинците. Па следна пат кога ќе ги величите Русите, размислете малце дека и они не се нешто поразлични од Американците. Може не се толку злоби, но еве сега во овој случај таква е ситуацијата што се приморани, бидејки "мечката е налутена" и за жал ќе гинат цивили. Русите си имале свои цели и интереси, имаат и ќе имаат исто како и Америка.
Прегледај го приврзокот 323928