Само „јас“ нема смисла. Тука има и глагол кој што го избегнуваат многумина бидејќи значи работа, свесност, разбирање, постоење итн итн...
Тебе се ти е апсурд ако ти не си на врвот, ако твоето јас не е под директно светло на сцената. Ништо страшно
Ако нештата требаше да ги гледаме во однос на тоа кој си ти и што си ти - за каде ќе бевме? Сите ќе беа нови христијани и библијата пак на врвот на светот.
Јок.
Кога ќе правиш разлика од иницијаторски учења и егзотериски религии - ќе знаеш дека апсурдот што мислиш дека постои е само еден обичен балон од сапуница кој што прска во непостоење откако ќе ги разбереш разликите...
Сеуште судиш за нештата гледајќи од призмата на една библија, евреи и христијани - пробај твоето јас да го оттргнеш од тоа за миг... ќе видиш друга светлина и поголемо разбирање на светот.
Внатрешниот пат е посебен за секој - догмата е опасна ствар. Толкувањето на свети книги за другите што значи е догма и апсурдност што ти го правиш и се расправаш да се докажуваш што значи било кој стих од библијата, другото не е апсурд.
Ти не може да прифатиш дека некој има други гледања и искуства во однос на било која света книга.
Не се дрзнувам јас ко тебе пророчки да зборувам каде нема бог што има, само велам дека таму каде што сум јас, нема Бог.
За понатаму, што сакате правете и толкувајте - секој со своето разбирање и искуство.
Ние, Телемитите - не ја толкуваме нашата света книга што значи за другите. Повели прочитај и дејствувај и заеби се со погрешно разбирање на симболите.
Оние што имаат искуство и разбирање - се само добри патокази за другите. Не може да се оди мојот пат од страна на друг. Едноставно не може.
Но искуствата може да се слични, како и искушенијата... но тоа е е друга тема.
P.S. Се додека гледаш погрешно на ритуалите - ништо од тебе во однос на новиот еон и разбирање на учењата кои се пренесуваат низ еоните