Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Христијанството и тоа како е одвоено од сите други религии и не дели со нив ништо заедничко, иако на прв поглед може да се „деси„ и да имаат сличности, па и за тоа постои одговор.
По се изгледа навистина го игнорираш фактот дека светата книга на христијаните пола е всушност еврејскиот закон кој што евреите сеуште го практикуваат...

Ама добро, штом за тебе христијанството туку така се појавува - нека биде, луѓето во сешто веруваат и бараат надеж.
Нека ти биде како што велиш.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.913
Поени од реакции
5.049
По се изгледа навистина го игнорираш фактот дека светата книга на христијаните пола е всушност еврејскиот закон кој што евреите сеуште го практикуваат...

Ама добро, штом за тебе христијанството туку така се појавува - нека биде, луѓето во сешто веруваат и бараат надеж.
Нека ти биде како што велиш.
Таман работа ако во еден мој допис опфатам се‘ што може и треба да се каже на одредена тема.

Несомнено е дека Стариот Завет, во поголемиот дел, е насочен кон Евреите, оти токму тие беа оформени од Бога, за да Го дадат Месијата. Евреите/Израилот беше носител на верата во живиот Бог во тие времиња.

Во Новиот Завет, носител на таа вера е Црквата Христова, која, како што Христос им заповеда на Апостолите, не се однесува на конкретен „одбран„ народ, туку на целиот човеков род.

Па сега, кој сака спасение-нека повели.

Со Новиот Завет, исполнет е Стариот, укинат е Законот Мојсеев, укинато е еврејското свештенсто, на Евреите им е одземена одбраноста, а Божјите Заповеди се издигнати од телесно-материјално на духовно рамниште.
 
Последно уредено:

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
...колку што ми е мене познато,Исус ниту укинал нешто а уште помалку и забранил
...не знам зошто на човека секогаш му се потребни дозволи и забрани за да најде вистина и логика во нештата
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.913
Поени од реакции
5.049
Користењето „логика„ и барањето „вистина„ во нештата го има доведено Светов и животов во оваа, денешнава состојба.

Дали Христос нешто укинал, допуштил, забранил, изменил...за тоа постојат записи.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.150
Поени од реакции
10.151
...не знам зошто на човека секогаш му се потребни дозволи и забрани за да најде вистина и логика во нештата
Многу едноставен одговор ке ти дадам, а тој е - Животот е исполнет со мнооогу логички грешки:)
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
...логиката е омилената игра на мозокот :)
...некогаш треба и мора да ги прифаќаме работите такви какви што се,без анализи и толкувања
...но,тоа е најтешкиот дел од нашиот пат
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.913
Поени од реакции
5.049
...логиката е омилената игра на мозокот :)
...некогаш треба и мора да ги прифаќаме работите такви какви што се,без анализи и толкувања
...но,тоа е најтешкиот дел од нашиот пат
Логиката, односно „мудрувањето по својот ум„, кој е само еден начин на манифестирање суетност, сама по себе е пречка за прифаќањето на нешта кои навидум се „нелогични„, па иако се нелогични, постојат до степен од нивна очигледност.

Логиката може да биде корисна кога е во прашање согледувањето на овосветовните нешта, ама не и за се‘ во нив, но барање логика во објавена верска наука, која сама по себе е надлогична, едноставно е знак за невидена арогантност и тврдоглавост во намерата за неприфаќање учења кои се поинакви од личните предубедувања и/или заблуди.
Автоматски споено мислење:

Многу едноставен одговор ке ти дадам, а тој е - Животот е исполнет со мнооогу логички грешки:)
Па самото постоење на живи битија кои се саморазмножуваат, во опкружување од нежива материја која неповратно се распаѓа, веќе е „нелогично„, ама очигледно.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
4.913
Поени од реакции
5.049
А што е по вас просветлување? Мене ми звучи на чистина на перцепција без атачмент за себе во истата, оттука дали би можеле популацијата да ја "просветлиме" во иднина со чип во мозокот, нареден леер на когниција кој би и помогнал на биологијата?
Чипирањето на човеците не е со цел да се просветлат, туку да се поробат и целосно конролираат. Разбира се, тоа чипирање не се рекламира како зло, туку како „проширување на свеста„ (?), со интегрирање на секое човечко битие во реалниот „Матрикс„ односно во паралелната/дигиталната реалност.

Самиот поим „просветлување„ има различни значења, зависно од религијата во чие учење се наведува тој поим.

Во православната вера, поимот „просветлување„ се означува како втор степен од човековото Богоуподобување, што значи дека просветлениот поединец, отако се очистил од својата огревовеност, „оди„ еден степен погоре, и, стекнувајќи ја благодатната енергија од Светиот Дух, ги стекнал и даровите кои самиот Дух ги доделува на Богоугодниците.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Dojdov na temava da zbornam za islamot.. Imam kolega albanec i sea posti i se razborevme za religiite.. I neli mi objasnuva u islamot ne smee alkohol ne jadat svinsko i red drugi raboti.. Jas mu vikam abe sine, od kade poteknuva Islamot? Mi vika od Arapskiot poluostrov.. Vikam sto ima tamu, pustina? Da.. Epa kako e vremeto tamu, toplo? Da.. Epa odi tamu i jadi svinsko (najmrsnoto meso) i pij alkohol na 50 stepena da te vidam..
Mu velam znaci Muhamed gi vovel tie raboti u kuranot posto gledal tie pleminjata sto i kako pravele vo pustina.. Ne jadele mrsno, ne piele alkohol, se oblakale vo dolgi za da se zastitat od sonceto (zatoa ko bajagi mora zenite da se pokrieni, a ustvari site se pokrieni u pustina) gi pravele sunet maskite deca za higiena za da ne im vleguva toa pustinskiot pesok i da se pravi infekcija.. Epa toa e toa be bate, ostaj ti sto propoveda muhamed, toa sve go videl od pustinskite pleminja..
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
...изгледа затоа пишува Ариел на оноа перничињата со прашак "далеку од достап на деца" :)
...тотално поучен и длабоко-аналитичен пристап кон нештата,нели?
...и логичен,уз то
 
Член од
3 јуни 2018
Мислења
309
Поени од реакции
135
Само Мирољуб Петровиќ држи вода....иако многу го исмејуваат само некои луѓе неможе да разберат
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
, Јас сум сам: нема Бог каде што сум јас :)
Голема вистина има во тоа што го напиша, само би го променил тоа "јас".

Таму каде што нема бог, не постои ниту "јас".

Но, едно е да се изговараат зборови прочитани од книга, а сосема друго тие зборови да се живеат.

Ако човек сватил дека тој е патот за него не постојат ниту свети книги на кој не смее ниту буква да им промени.

Кој апсурд би било да се повикува на внатрешен пат, а да слави годишнини на пророк, да има свети книги, ритуали и ајвази со кој ќе си муабети.

Таму каде што нема бог, е поради тоа што не постои -јас. ;)
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.164
Поени од реакции
12.147
Само „јас“ нема смисла. Тука има и глагол кој што го избегнуваат многумина бидејќи значи работа, свесност, разбирање, постоење итн итн...
Тебе се ти е апсурд ако ти не си на врвот, ако твоето јас не е под директно светло на сцената. Ништо страшно :)

Ако нештата требаше да ги гледаме во однос на тоа кој си ти и што си ти - за каде ќе бевме? Сите ќе беа нови христијани и библијата пак на врвот на светот.
Јок.

Кога ќе правиш разлика од иницијаторски учења и егзотериски религии - ќе знаеш дека апсурдот што мислиш дека постои е само еден обичен балон од сапуница кој што прска во непостоење откако ќе ги разбереш разликите...
Сеуште судиш за нештата гледајќи од призмата на една библија, евреи и христијани - пробај твоето јас да го оттргнеш од тоа за миг... ќе видиш друга светлина и поголемо разбирање на светот.

Внатрешниот пат е посебен за секој - догмата е опасна ствар. Толкувањето на свети книги за другите што значи е догма и апсурдност што ти го правиш и се расправаш да се докажуваш што значи било кој стих од библијата, другото не е апсурд.
Ти не може да прифатиш дека некој има други гледања и искуства во однос на било која света книга.

Не се дрзнувам јас ко тебе пророчки да зборувам каде нема бог што има, само велам дека таму каде што сум јас, нема Бог.
За понатаму, што сакате правете и толкувајте - секој со своето разбирање и искуство.

Ние, Телемитите - не ја толкуваме нашата света книга што значи за другите. Повели прочитај и дејствувај и заеби се со погрешно разбирање на симболите.
Оние што имаат искуство и разбирање - се само добри патокази за другите. Не може да се оди мојот пат од страна на друг. Едноставно не може.
Но искуствата може да се слични, како и искушенијата... но тоа е е друга тема.

P.S. Се додека гледаш погрешно на ритуалите - ништо од тебе во однос на новиот еон и разбирање на учењата кои се пренесуваат низ еоните :coffee:
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.595
Поени од реакции
1.138
Не се дрзнувам јас ко тебе пророчки да зборувам каде нема бог што има, само велам дека таму каде што сум јас, нема Бог.
За понатаму, што сакате правете и толкувајте - секој со своето разбирање и искуство.
Нема бог, а има пророк на кој му шепкал некој ајваз.:confused:
Така е кога се користат туѓи цитати ,а истите не се живеат.
ееее нема веќе оргиналност ,се е копи-паст.

Каде со тој памет.:(
 

Kajgana Shop

На врв Bottom