Не знам што му ветувале или не Зеленски, гледам постојано бара помош од НАТО и Еу, а очигледно е дека освен тапшање по рамо и желби да издржи, друго не добива. Само непотребно го залажува народот, а со секој нареден ден, се повеќе и војска и народ ќе гине. Некои ретарди западни по мдиуми ги јачаат како имаат шанси да победат, како победуваат. Засега русите некако доста успорено и пасивно делуваат, избегнуваат цивилни жртви, најверојатно и затоа што во повеќето региони каде што се сега и ги имаат опколено градовите, има и доста руско население. Најверојатно и чекаат да видат како ќе течат преговорите, ама како што стојат работите, тешко дека некој позначаен напредок би се десил, па така и они ќе појачуваат и се пожестоки напади ќе изведуваат. Тогаш ќе има и многу цивлини жртви. Киев како најголем град, сигурно и со највеќе војска во него, а некаде 20% руско население, кое веројатно е и евакуирано веќе поголемиот дел, има шанси да се претвори во пекол. Очигледно е дека украинците поставуваат воена опрема во близина на згради, училишта се користат како воени објекти, војска се регрутира и сместува во нив. Лоша работа е што украинците не ги евакуираат цивилите во близина на воените и обичните објекти кои ги користат, со тоа ги ставаат во директна опасност, ги користат ко жив штит, а рисиве секако ги гледаат и им ги знаат сите позиции скоро и им ги гранатираат.
Секоја војна би требало да е бесмислена, ама оваа ми е на топ позиција. Колку повеќе Зеленски одолговлекува, толку повеќе штета ќе трпи народот. Ваљда е свесен дека НАТО е завршена работа, Крим е завршена работа уште пред да нападне РУсија, а најверојатно и НРД и НРЛ ќе бидат завршена работа. Можеби на почеток на конфликтот, Русија ќе се сложеше да останат како автономни покраини во склоп на Украина, ама глумењето лудило и курчењето на Зеленски го ускратија тоа како опција. Кога против себе имаш една од трите најмоќни држави, не можеш да очекуваш дека ќе добиеш некоја правда. Исто ко Србија, Ирак, Иран, Сирија, Јемен, Авганистан и ред други. На крај ќе останеш со изгубена војна, куп изгинати луѓе, што војска, што цивили, изгубена територија, а и тоа што ќе ти остане ќе биде уништено. Русија можда и никад веќе нема да ја врати Украина во нејзина орбита, ама ни Украина нема веќе да биде Украина. После војнава и да ги внесат во ЕУ уште одма и да им дадат парична помош, некои поволни кредити, големи се шансите Украине да постане земја на духови, сите да избегаат низ Европа. Украина беше катастрофа и пред војнава, после ова, олигарсите ќе го покрадат и тоа што како помош ќе им го пратат, а населението ќе биде уште посиромашно. Штетата ќе биде во билиони. Од уништена патна инфраструктура, воена инфраструктура, аеродроми, воена опрема, уништени училишта, згради, полициски објекти, сигурно и цели фабрики, приватен имот, железничка индустрија. Страшно.