Македонија имаше колку, 30 години да го реши спорот со името? Не го решивме. Не велам дека е наша кривица, спорот за името беше комплетно ирационален и настана како потреба во рамките на внатрешнополитичките случчувања во Грција. Но еднаш кога настана, се најдовме во ситуација да бидеме уценувани од страна на Грција за било каква асоцијација на Македонија во Европа. Грција има моќни сојузници во Европа, ги знаеме нивните врски си Франција, Германија и Англија. Тоа беше спор кој никогаш не можевме да го добиеме. Ама баш никогаш.
Потоа дојде потребата на САД да не пикнат во НАТО. За САД спорот со името беше смешен, многу им беше гајле како ќе се викаме. САД е империја, имаше стратешки интерес да бидеме во НАТО, и не пикна таму. Треба да бидеме и среќни што не го изгубиме името Македонија, макар и со Северна пред неа. Не се заебавам. САД настапи од позиција на сила спрема двете држави, и готово. Арно ама, истото сега го прави и Русија. Русија е империја и има стратешки инетерс Украина да не биде во НАТО, по цена да ја сравни со земја. Нас ни додадоа САД едно Северна пред името, Русија ќе направи ливада од Украина за својата цел.
Кажи ми сега, како САД се покварени, а Русите искрени? И едните и другите настапуваат од позиција на сила и интерес, ние плативме мала цена да бидеме во НАТО, Украина ќе плати огромна цена да не биде таму.