Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    679

The xx

Russia state-affiliated bot. ☑️
Член од
8 април 2013
Мислења
6.345
Поени од реакции
11.977
Приказната со Украина и причините за рускиот воен упад се малку посложени отколку што ни кажале:

Незнам се поклопува со изјавите од Нурушким мислам од службата на разузнавање на Русија. Ги гледам какви вжештени глави се Украинците па ништо не ме чуди. За вакви прљави војни Америте се усовршени, им нема рамен.
 
Член од
31 јануари 2022
Мислења
377
Поени од реакции
995
Зеленски со опасни зборови до НАТО. Којзнае што му ветувале пред војната.




Број на санкционирани ентитети од почетокот на војната по држава.
Хе хе. Со каков мерак му го спопикаа. Сега нека продолжи да војува и да го убива сопствениот народ.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.457
Поени од реакции
5.965
Што толку ни направи западот? Повеќето работи кои ги верглате овде се чисти митови, врска немаат со реалноста. Не знам како да ви објаснам, да не беше САД Македонија немаше да постои како држава. Тоа што ние не успеавме да создадеме нормална и функционална држава, тоа е наш проблем, не на САД. САД ли се криви што ниту еден македонски политичар не успеа да погледне ни пет метри настрана од сопствениот нос? САД ни е крив што сме легло на корупција, што вработувањето во државата нема врска со пазарна економија, што ДПМНЕ списка 700 милиони евра во кич? САД ни е крив што буквално секој функционер на СДСМ е арамија и лажго? САД ни е крив што немаме никаква државна стратегија, никакви црвени линии?

Дајте опрајте се, секогаш ни се САД криви за нашата неспособност.
Автоматски споено мислење:



Тоа е чиста фактографија.
1646428917457.jpeg


Кога сме кај Македонија вс. Грција и митовите за западната кривица за ситуацијава во која РМ се наоѓа, веројатно се криви и за 4-те Су-25 набавени од Украина кои гнијат на Петровец. Земја која не може да одржи ЧЕТИРИ летала и ги остава да трулат на забот на времето. Освен тоа луѓе забораваат за украинските пилоти кои ги летаа и ги обучуваа нашите да ги употребуваат.
Срам и брука 4 одлични јуришни авиони да бидат оставени во локви кал и разјадени од рѓа.

Настрана тоа што кога споменав дека АРМ и МВР беа целосно опремени од западни извори со донации, плус земји како Бугарија и Чешка кои тогаш гравитираа кон НАТО тоа изнесување на факти беше дочекано на нож.
 
Последно уредено:
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
Нормално секоја империја си ги штити своите интереси, проблемот со САД е што на САД се гледа како англосаксонска империја (може донекаде и држи вода), а ако споредиш колку зулум имаат направено англосаксонците во споредва со русите е 1000 према еден. Русите во принцип најмногу штета си имаат направено на самите себе отколку на други народи.
САД направи повеќе штета во светот во однос на Русија затоа што беше помоќни. Русија немаше баш сила да реагира надвор од сопсветните граници, или во блиска околина на Русија. САД е првата држава во историјата на светот која ги контролира сите мориња во светот.

Да ја имаше моќта на САД во светски рамки, Русија немаше да биде ништо подобра.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Хе хе. Со каков мерак му го спопикаа. Сега нека продолжи да војува и да го убива сопствениот народ.
Не мислам дека е до толку глупав да мисли дека некој од надвор ќе му помогне со војска, или може сака емоционално да добие подршка од народот во ЕУ, па под притисок да мора НАТО да реагира.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.792
Поени од реакции
26.349
Македонија имаше колку, 30 години да го реши спорот со името? Не го решивме. Не велам дека е наша кривица, спорот за името беше комплетно ирационален и настана како потреба во рамките на внатрешнополитичките случчувања во Грција. Но еднаш кога настана, се најдовме во ситуација да бидеме уценувани од страна на Грција за било каква асоцијација на Македонија во Европа. Грција има моќни сојузници во Европа, ги знаеме нивните врски си Франција, Германија и Англија. Тоа беше спор кој никогаш не можевме да го добиеме. Ама баш никогаш.

Потоа дојде потребата на САД да не пикнат во НАТО. За САД спорот со името беше смешен, многу им беше гајле како ќе се викаме. САД е империја, имаше стратешки интерес да бидеме во НАТО, и не пикна таму. Треба да бидеме и среќни што не го изгубиме името Македонија, макар и со Северна пред неа. Не се заебавам. САД настапи од позиција на сила спрема двете држави, и готово. Арно ама, истото сега го прави и Русија. Русија е империја и има стратешки инетерс Украина да не биде во НАТО, по цена да ја сравни со земја. Нас ни додадоа САД едно Северна пред името, Русија ќе направи ливада од Украина за својата цел.

Кажи ми сега, како САД се покварени, а Русите искрени? И едните и другите настапуваат од позиција на сила и интерес, ние плативме мала цена да бидеме во НАТО, Украина ќе плати огромна цена да не биде таму.
Ако е така чему се онда причите за демократија, основните повелба на ОН курсетресе у ладна вода. Дај да не се лажеме, да ј да ги викаме работите така како што се, а не тука да ми доаѓаат некои дечишта со испран мозок и да ми држат предавања за тоа што било демократија и треба да имаме отворени погледи.

И не можеш да кажеш дека истото го прави Русија. Не можеш да го споредиш тоа што САД и го направи на Украина при здрав разум и при серија аналитичари кои предвидуваа што ќе се деси порано или подоцна (за кое сценарио и мене ми беше невозможно да бидам искрен). Ја кажав паралелата, ги спремала Австроунгарија Србите на востание и Србите кренале востание и кога требало Австроунгарците да нападнат, они потпишале договор со Турците. А Србите се знае, го јале немиен.

Прво и основно и спонзорирале државен удар и на крај ја оставиле на цедило. Русија од друга страна си ги брани интересите. Украина е безбедносно прашање на Русија. Тоа никој неможе да го оспори, тоа не е пропагандна мантра како што сакаат либтардите да ја прикажат (демек ако ја освоеле Украина ќе биле кај со НАТО соседи). Тоа го потврдија многу западни стратези, политичари и геополитички аналитичари. Можеш да најдеш на интернет ако те интересира.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
САД направи повеќе штета во светот во однос на Русија затоа што беше помоќни. Русија немаше баш сила да реагира надвор од сопсветните граници, или во блиска околина на Русија. САД е првата држава во историјата на светот која ги контролира сите мориња во светот.

Да ја имаше моќта на САД во светски рамки, Русија немаше да биде ништо подобра.
Ајде бе !!

Ќе го спасуваа православјето рамо до рамо со Кадировци.
 
Член од
31 јануари 2022
Мислења
377
Поени од реакции
995
Не мислам дека е до толку глупав да мисли дека некој од надвор ќе му помогне со војска, или може сака емоционално да добие подршка од народот во ЕУ, па под притисок да мора НАТО да реагира.
Ако има две мозочни клетки во тиквата, на следните преговори кои треба да се викендот како што се пишува, ќе ја наведни таа лејката, ќе добие некој ластик и ќе се договори и прифати тоа што му бараат.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.792
Поени од реакции
26.349
САД направи повеќе штета во светот во однос на Русија затоа што беше помоќни. Русија немаше баш сила да реагира надвор од сопсветните граници, или во блиска околина на Русија. САД е првата држава во историјата на светот која ги контролира сите мориња во светот.

Да ја имаше моќта на САД во светски рамки, Русија немаше да биде ништо подобра.
Ова е муабет да имаше баба муда... Неможеш да знаеш и неможеш ШББКББ да користиш како аргументација.
 

INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Ајде бе !!

Ќе го спасуваа православјето рамо до рамо со Кадировци.
Еднаш кажав, Кадировци не се надворешни платеници, без разлика што се муслимани тие си се лојални на својата татковина - Руската Федерација.
 

Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.667
Поени од реакции
28.087
Прегледај го приврзокот 323910


Кога сме кај Македонија вс. Грција и митовите за западната кривица за ситуацијава во која РМ се наоѓа, веројатно се криви и за 4-те Су-25 набавени од Украина кои гнијат на Петровец. Земја која не може да одржи ЧЕТИРИ летала и ги остава да трулат на забот на времето. Освен тоа луѓе забораваат за украинските пилоти кои ги летаа и ги обучуваа нашите да ги употребуваат.
Срам и брука 4 одлични јуришни авиони да бидат оставени во локви кал и разјадени од рѓа.
Овие авиони по налог на Нато и другарчињата твои преку барата гнијат вака како што гнијат
 
Член од
1 март 2022
Мислења
361
Поени од реакции
936
Ова е муабет да имаше баба муда... Неможеш да знаеш и неможеш ШББКББ да користиш како аргументација.
Пас не е баш дека не знаеме што правела Русија низ историјата. Од поновата историја можеме да се сетиме на Прашката пролет, или на Будимпешта. Од поодамнешната истрија, има безброј случаи кога Русија тргнала во војна за територии, правела сомнителни сојузи и грабала туѓи територии. Ние сакаме да мислиме за Русија низ призмата на Наполеонските војни или на Втората Светска Војна, ама има и потемна страна руската историја.

И да не заборавиме дека Русија е последната држава во Европа која се ослободила од концептот на ропство.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Еднаш кажав, Кадировци не се надворешни платеници, без разлика што се муслимани тие си се лојални на својата татковина - Руската Федерација.
така де, од како претходно се масакрираа со русите, сега се лојални на Руската федерација.

А албанците лојални на Македонија е виц за повеќето на форумов.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom