Kaде грешам?
Мислиш дека Путин не е спремен да оди до крај или Русија не е доволно моќна да се рафрла со атомско оружје низ Европа?
Секогаш прашањето е - до каде се смета дека може Западот да оди?
Воено вмешување секако би значело еден чекор пред нуклеарна војна. Ако Путин не блефира, тогаш до каде би одел Западот, а да не рискира таков одговор?
Ќе ги наоружува? Волку само? До која количина и квалитет на оружје ќе одат, без да предизвикаат напад од Русите? Колку ќе го толерираат ова Русите и колку стварно се ефективни (или ќе бидат ефективни) санкциите, во смисол да повлијаат на поведението на Русија?
Знае некој колку би траело ова? На Запад некои викаат декада. Десет години да се води ваква војна таму, има економски да пропадне цел свет, баш како нуклеарна војна да избило. Дали санкциите и помошта на Западот ќе овозможат Украинците да се борат со години, без да се тригерне ултимативна војна?
Не барам ја некој да ми ги одговори овие прашања, само го потенцирам нивното постоење.