Пресвртница за Украина

  • Креатор на темата Креатор на темата Misirkov
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    758
Па во обзир спрема други претходни дешавки, тука повеќе прават, секакви санкции воведоа, не останаа само на Преј фор Украина. :semolam:
Тоа е дилемата - дали да се помогне и да се ризикува нуклеарна војна, или вака, само со санкции.
Позицијата на Украина тука се разликува од позицијата на Србија, или Либија, или некои слични.
Кога беа нападнати Србија, Либија и слични, кој им чуваше грб?
Никој.
Они можеа да се жалат дека неправедно се нападнати, ама немаа баш некој конкретен да обвинуваат затоа што не им помогнал воено. Најверојатно затоа што не имаа некој моќен да стои зад нив.

А со Украина случајот е поинаков. Украина има силни ментори. Гаранти, сојузници и пријатели. Или барем мисли дека има.
 
Украинскиот е измислен јазик, дијалект на рускиот.
Ова го тврдиш на база на твоето експертско образование и долгогодишно искуство во проучувањето на овие два јазици?
 
Украинскиот народ, мнозинството, гласале за него базирано на неговите политики. Користењето на некој прекар или навреда нема да го направи помал или поголем од тоа. Се друго е гола вода. Ако не сакале НАТО и ЕУ нема да гласале за него. Исто и во МК. Сите велат народот не сакал во НАТО и ЕУ, а 95% од гласовите одат кај партии што се цврсто за НАТО и ЕУ. Епа сеа.
А која партија во МК отворено во својата програма има планирано и нуди алтернатива надвор од НАТО и ЕУ? Башка, етничките Македонци се научени да гласаат како магепсани за ВМРО и СДСМ. За разлика пример од Бугарија, тој Кирил Петков, направил партија излегол на избори, победил. Тоа никогаш во МК нема да се случи, народот тука ќе си гласа ДПМНЕ/СДСМ/ДУИ без оглед на се. Освен ова трио, друг никогаш нема да ја води Северна. До душа калето ја води Северна ама тоа е веќе друг муабет.
 
Запрепастувачки е дури колку се отфикарени од реалноста . Каков само натпревар на празни гестови си измислија , и си го тераат упорно, и си се тапшаат по рамо кој е поуспешен во баналноста.
Украинцине да имаат малце време да се соземат и да го сварат ова лицемерие што им се сервира наместо опиплива поддршка, мислам дека сосе оружје сите на запад ќе тргнат
Од прилика како антагонизмот на Србите и Австроунгарците кога ги тапшале и им свртеле грб после првото востание.
Автоматски споено мислење:

Украинскиот народ, мнозинството, гласале за него базирано на неговите политики. Користењето на некој прекар или навреда нема да го направи помал или поголем од тоа. Се друго е гола вода. Ако не сакале НАТО и ЕУ нема да гласале за него. Исто и во МК. Сите велат народот не сакал во НАТО и ЕУ, а 95% од гласовите одат кај партии што се цврсто за НАТО и ЕУ. Епа сеа.
Да ама тие што го подбутнале... не му ги кажале овие работи дека го чекаат и дека кога ќе дојдат, ќе си се одалечат фино лепо.
 
Украинците нека не се грижат, стигнаа добри вести.
По целосното преведување на албански, конечно се деблокираше донесувањето на Декларација за осуда на воените напади врз Украина, во македонското собрание и со тоа ваљда се заокружи процесот на донесување на декларации за осуда на нападот, во европските земји.
Се надевам дека Украинците ќе имаат разбирање за ова доцнење од наша страна, поради повисоки приоритети, како што е запазувањето на различноста.
 
А која партија во МК отворено во својата програма има планирано и нуди алтернатива надвор од НАТО и ЕУ? Башка, етничките Македонци се научени да гласаат како магепсани за ВМРО и СДСМ. За разлика пример од Бугарија, тој Кирил Петков, направил партија излегол на избори, победил. Тоа никогаш во МК нема да се случи, народот тука ќе си гласа ДПМНЕ/СДСМ/ДУИ без оглед на се. Освен ова трио, друг никогаш нема да ја води Северна. До душа калето ја води Северна ама тоа е веќе друг муабет.

Се согласувам дека во овој аспект бугарите се многу подобри. Не дека им носи некои драматични промени ама нешто за што треба да се стреми МК. Ама на крај пак луѓето гласаат. Нема алтернатива? Направи партија, понуди. Зошто секогаш некој трет треба да даде алтернатива? И тоа е дел од народната способност во една држава. Али да не забегуваме од темата.
 
Не кажаа во колкав број нашите сограѓани тргнале на печалба во Украина, да го пробиваат источниот фронт.
 
Не кажаа во колкав број нашите сограѓани тргнале на печалба во Украина, да го пробиваат источниот фронт.
Господинот кнез е виден со Белорусинка на граница Белорусија - Украина. И се џиткал, и ветувал дека ќе ја вработи во катастар кога ќе се прекројуваат границите.
 

Руска пропаганда.
Според bild.de
What an embarrassment for the federal government!
The rockets are also at least 35 years old and were blocked from use in 2012. Reason: "Microcracks in the ammunition's propellant charge, which led to corrosion/oxidation."
Particularly embarrassing: According to "Spiegel", the wooden boxes in which the rockets are stored were so moldy in November that Bundeswehr soldiers were only allowed to enter the storage facilities with protective equipment.
 

Ох, не!
Што е следно?
Зарем нема ни Грузија, Турција и Украина да ги примат експресно во ЕУ?
неверојатно
 
Последно уредено:
Колона со Искандер ракети е забележана во Белорусија како оди кон граница. Веројатно се спремаат за јако бомбардирање на Киев деновиве.
 
Си збори тој и руски и „украински“. Украинскиот е измислен јазик, дијалект на рускиот.

Да беше барем малку писмен, а не морон кој се радува на војната, ќе знаеше дека украинскиот јазик никако не може да биде дијалект на рускиот, затоа штп во основа е поблизок со полскиот отколку со рускиот. Ама за да знаеш такви работи треба понекогаш и да прочиташ нешто, па да размисиш пред да истресеш глупост.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom