Limbo
maybe an alien
- Член од
- 26 декември 2007
- Мислења
- 835
- Поени од реакции
- 1.471
Па не дека е пропаст, ама не би бил толку оптимистичен за таков потфат. Ако бил едноставен до сега ќе го направеле, покомплицирано е од тоа ај ќе пренамениме некоја воена фабрика и готово, дури и за домашна употреба само ако е. Ербас и Боинг се далеку понапред во тој сектор, за сериозна конкуренција ќе треба чуда да направат. Не сите работи се решаваат со воена сила. Сигурно сите губат од ситуацијава и санкциите, само кој повеќе на крај ќе испадне есапот. Еве вие уверени сте дека Русија ќе излезе како поголем победник од целокупната ситуација. Јас не сум уверен, лично не ми изгледа така, но ги немам сите информации ниту пак може сѐ да се предвиди. Но впечатокот ми е премногу побудите ви се само навивачки, а се базирате само на некои паушални проценки и анекдотални примери.Види, до 2014 увезуваа храна, денеска се извозници... Истото ќе биде и со авионите. Имаат авио индустрија имаат експерти, само ќе пренаменат некоја воена фабрика и тоа е тоа, на крајот нема да фрлаат пари на западните фабрики и згора на тоа ќе можат да ја развиваат индустријата на цивилно воздухопловство и да се пробијат во Кина, Индија, Малезија, Бразил, Мексико, Венецуела и така натаму. Не е ова Македонија па пропаст...
А од друга страна Боинг ќе изгуби еден од најголемите клиенти и добива сериозна конкуренција.
Едно е сигурно, ако се спушти некаква "железна завеса", на краток и среднорочен период најмалку, сите губиме. За тоа не треба да си финансиски експерт да го заклучиш. Колку и како ќе видиме.