Јас не ги разбирав санкцииве, значи буквално им ја препраќаат водата на воденица на Русија. Проблемите на Русија, странско влијание, ширење на либерализам и иселување на народот. Што прават ЕУ и НАТО:
- Забрануваат летови од Русија кон нивните земји и ги затвораат границите.
- Почнуваат кампања на хистерија каде што по улици се напаѓаат Руски иселеници.
- Комплетно го напуштаат економскиот и уште поважно медиски простор на Русија.
Ова они што го направија со ваква ефикасност Русите не можеа ниту 10% да направат последните 20 години.
Да не ни почнувам што со тоа што комплетно се повлекуваат од државата, буквално Русите ќе направат легална национализација за 20-30% од вистинската цена. Ај тоа ама некој како Ехон што читав се размислувале и дали воопшто да продаваат, можело и само да се откажат од сопственоста во корист на другите.
Дали навистина мислат дека тоа што ќе нема Ајфони, стим, onlyfans и pornhub ќе направи каква било разлика за просечниот русин, посебно кога не е ни руската држава која ги забранува истите, они сами си се забрануваат. Се што ќе направат сега е Yandex комплетно да го преземе и тој дел од пазарот кој не го контролираше.
Буквално еквивалент би било САД и Западна Германија да го изграделе Берлинскиот ѕид.