Иницијално мислев дека ова е поврзано единствено со безбедносната закана која доаѓа од интегиррањето н Украина во западните воени структури ама нешто ме тера да се сомневам дека е ова е поголемо сценарио и global power struggle. Може и сум грешка ама мислам дека улогата на Кина позади сцената е многу поголема посебно во економско-финансискиот дел.
Може е прерано ама впечатокот што го добивам е дека Русија е чекор понапред, веќе ги има земено санкциите во предвид и е со подготвени одговори на истите. Дали го начекаа моментот дека САД има слаб претседател или случајно на Украина и се поклопија коцките ама некако ми изгледа дека ова е почеток на нова Студена војна.
Не си грешка. Пред некој месец нели потпишаа Русија и Кина некој договор, нешто во стил да се поддржуваат и соработуваат кога се работи за нивната безбедност. Нешто во тој стил. Ова во Украина е јасно во најголем дел од безбедносен карактер, но секако во позадина доаѓа и покажувањето моќ. Секако Кина стои позади Русија. Колку што видов, јавно и они употребуваат специјална операција, не војна. Ги обвинија и САД дека со своите постапки ја донесоа до тука ситуацијата, а и дека продолжуваат да долеваат бензин на пожарот. Уште пред некое време пишав дека Кина следна ќе си го прибере Тајван. Русија и Кина се потребни една на друга, едниве имаат воена моќ, најверојатно и најсофистицирано оружје, а другиве се економски моќни. Малку луѓе знаат дека и САД и Европа се премногу зависни од Кина и Русија. Азија е подрачје полно со рудни богатства кои се потребни за воената, автомобилската, градежната, технолошка индустрија. Поготово Кина.
И тоа како им е ова долго планирано, ги предвиледе и земале во обзир сите можни санкции и сценарија, па сигурно и имаат преку Азија некој пат направено, за избегнување и намалување на штетата од санкцииве. Секако ќе имаат штета, ама не сум убеден дека ќе биде во мерата на која се надеваат САД и Британија. Намерно другиот дел од Европа го изоставив, зошто само овие две земји имаат корист од санкцииве, другите сите губат. На страна тоа што мислам дека, некои од санкциите ќе бидат само во теорија, а во пракса ќе си тераат ко да нема санкции, дали директно, дали преку трета страна.
Можда и не планирале волку брзо да интервенираат во Украина русиве, ама САД губејќи ја моќта надвор, а и купот проблеми што им се наталожи дома, мораа да го убрзаат процесот за внесување на Украина во НАТО, па така и најверојатно спречија ова да се случи во уште полоша нивна ситуација во иднина. Украина си ја искористија како тест поле. Како би реагирале едните, како другите.