Јас првин не мислам дека САД некогаш ќе започне прва инвазија врз Русија ако Русија седи мирна. Главната причина на НАТО ја гледам како одбрана против евентуален напад од Русија. Русија најверојатно има тензии да го обнови Сојузот, па не верувам дека би се согласила цела Европа, поточно истокот, да влезе во НАТО, со или без САД.
Значи вака, ти го поддржуваш митот на НАТО, дека РУсија сака повторно да го создаде Советскиот Сојуз и со тоа може да ги нападне другите земји од Источна Европа, па затоа мора НАТО да се прошире натаму, а не го поддржуваш митот на Русија дека доколку НАТО се доближе до Русија, тоа може да претставува закана за безбедноста на Русија и Рускиот народ? Малце хипокритски од твоја страна, земајќи го во обзир и тоа дека сценариото кое го кажува Русија е многу поверојатно отколку сценариото на Америка дека Русија и Путин сака да го создаде повторно Советскиот Сојуз.
И сега, не ми кажуј дека создавањето на Советскиот Сојуз го гледаме повторно со тоа што Русија ја нападна Украина, бидејќи Русија ја нападна Украина на сметка на НАТО алијансата, која, над 10 години беше глува кога Путин јасно им кажуваше дека нема да трпи повеќе проширување на НАТО алијансата кон Русија. Доколку земјите од источниот блок останеа неутрални, или пак доколку НАТО не се прошируваше толку, можеби и немаше сега да се случуваат сите овие срања.
Башка, никој не и брани на Украина да биде членка на ЕУ, и никој не му брани на земјите попут Литванија, Естонија, Полска да останат во НАТО, само, единствено НЕШТО што му се бране е да имаат ВОЕНИ БАЗИ НА НАТО во нивната територија, исто како и му се бране било какви ракетни системи инсталирани во нивната територија од страна на АМЕРИКА, што би претставувало закана за Русија.
Уште има нешто што не ти е јасно?