Аман бе, пет страни типови... има соодветна тема за тоа.
Денес неколку интересни дуели од мои за издвојување се:
Удинезе - Интер, зебрестите од Удине годинава летаат високо. Ретко кој предвидуваше дека ќе се наоѓаат толку високо на табелата(освен мене

), Интер стандарден ама сепак гледам сите типувате на двојка. Тешко дека така ќе заврши дуелот веќе две години Интер нема победа против Удинезе кој беше главниот виновник за прекинувањето на брилијантната минатогодиншна серија од 17 победи по ред. Плус да изгубат два натпревари со ред, и тоа ми звучи чудно. Ако е Ибра во елемент очекувам голови, ако не би одел на реми без голови.
Катанија - Парма, иако имињата на овие два тимови не се така звучни како на претходно-споменатите, овој дуел ќе биди еден од дербите на колото. Очекувам многу голови, со оглед на офанзивната игра на двата тимови. Нестрплив сум да го видам Лукарели во акција, па со неговото присуство на теренот мислам дека Парма би можела да си замине со трите бода од Сицилија.
Торино - Лацио, дуел на две израмнети по квалитет екипи. Горан Пандев игра во животна форма, па дали ќе може да му помогне и да го извади Лацио од кризата во која западна? Добро би било да започне со тоа сега, бидејќи крајот на сезоната се ближи а подморницата на Лацио се повеќе тоне. Торини имаат одлични поединци но, не можат да ги видам со пленот(3бода) од овој меч. Интересен дуел во секој случај без оглед на исходот...