САД немаше да ја умре ниту Јапонската, ниту Руската ако овие 2 не пробаа таа експанзија/ширење на империјата да го прават на насилен начин. Никогаш во историја тие империи не преживеале ако биле формирани насилно. САД тоа го знаат и затоа пробуваат (и успеваат) да ја шират својата империја со помагање. Затоа сега Јапонија и Германија се цврсто на нивна страна, затоа што иако они беа тие што ги уништија, одма после тоа ги препородија.
Од друга страна Русија пробува да ја шири својата империја со насилство, агресија, закани, и евидентно е дека тоа им е лоша тактика затоа што сите држави што ги држеа во нивна контрола им избегаа (Источна Германија, Полска, Балтичките), и останаа само оние каде што уште има диктатура (Белорусија, Казахстан, Узбекистан итн). Но таа диктатура не може да трае вечно ако народот не ја поддржува.