Ако ми го прочита првото мислење ќе видиш дека не го бранам фактот што Нато преку Украина навлегува на граница со Русија. Не можам тоа истото да ги пишувам во секој пост кога реплицирам со повеќе од 1 човек.
Факт е дека Русија можеше и мораше на сличен начин како што направи со Крим да си ги собере Луганск и Доњецк кај што преовладува Руско население.
Тоа што го правело НАТО и САД не дава легитимитет на Русија да го прави истото. 2 зла не прават добро или второто зло не го прави помалце злобно затоа што е второ.
Од друга страна имаш обичен народ кој што страда, не политичарите у фотељи. И да ја сменат власта во Украина, што тогаш? Ја сјебаа цела држава, цели брани срушија, 10 години ќе им треба да дојдат на 0 инфраструктурно. Економски дали некад ќе се вратат е знак прашање. LOSE-LOSE сценарио.
Можеа и мораа политички да го изиграат ова вака и кредибилитетот на Русија е у минус, економски исто и нив ќе ги чини ова а и ќе се повторам човечки исто така. Сигурно се далеку од 4000 војници загубени, бројка што ја репортира Украина ама сигурно и не се под 1000. 1000 луѓе толку ни се големи одредени населени места во државава наша. Не се малце.
Ова беше последна опција очигледно. Прблемот е што Украина гурана од САД, наместо да го спроведе потпишаниот договор, се реши да води инат. На Русија оваа војна не и е потребна, украинскиот народ го сметаат за братски. Види само колку внимаваат да не страда цивилно население. До сега можеа да им уништат нафтени резервари, телекомуникациски мрежи, да ги остават без струја, вода, без греење. Уште во прв ден им ги уништија аеродромите и воената инграструктура, им го контролираат небото. На Русија не и одговара да ги присвои тие два региони, а дригиот дел да стане НАТО база. Бешка немаа контрола во цели делови каде живеат руси. Проблемот е што Зеленски наместо да ја ескалира ситуацијата, требаше да почне со спроведување на договореното, па со таква ситуација да исползува неутралност на Украина со цела нејзина територија и да ја внесе во ЕУ. Затоа ги спомнувам цело време како примери Финска и Шведска. Друг проблем е што ситуацијава се гледа само од перспектива на последниве два дена и нападот на Русија, а намерно се заборава или не спомнува што предходело на ова. Ако прогуглаш ќе ги најдеш многу од грозотиите што русите у Украина константно ги преживуваат во последниве години. Некои ги има и на Јутуб. Од колења, масакри, палење, терање да јадат стакло, не војска туку цивилно население. Константно бомбардирање цивили во тие две области под контрола на русите, од страна на украинската војска. Види само колкав број на население е убиен во овие години во регионитр каде живеат руси. Информации не од Русија, туку од ОН, САД, а за некои делови имаат инфо само од 2015/16 година. Затоа и зборам дека позадината на војнава е подруга од тоа што западниве медиуми го форситаат.
Мене ми е жал за народот што ќе изгине, ако не дојдат до разумен договор за брзо време. Жал ми е што се повеќе гледаме снимки каде украинците на кои овој им подели оружје, се убиваат меѓу себе на улица, стравувајќи некој да не е инфилтриран русин.
Све можеше да се избегне и на мирен начин да се заврши ама тоа на некој не му одговараше. Размисли кој има најголема корист од ова што се случува и на кој му одговара ова да потрае? Кој има наголема економска корист од ова? Кој има корист да ја држи Украина во криза, со тоа и Русија на раб на криза, а сега и конфликт? Русија, а поготово Украина нема корист од ова, Зеленски и сличните нему ќе се наполнат со пари. Фамилиите им се тргнати на страна, на сигурно, туѓи деца ќе гинат. Види колку само пари од оружје што им продаваат ќе заработат западниве држави. На лепе очи они ништо не даваат.