Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    728
Член од
24 јануари 2021
Мислења
767
Поени од реакции
468
Sakas da kazis deka samo najdobri nameri imavte :cautious:
Ne znam kaj sakash da me stavish vo Severdjanite ili Makedoncite? Ti koj si? So znamevo me kinish malku Mk-albanec si ili shto si? Dur se delime ko shto se delime a sekogash kje se delime dur ima takvi kako tebe. Ne ziveam u Mk odamna, ne ziveam ni vo Rusija( fala mu na gospod) . Edno sakam samo narodov kaj nas da zivee ubav zivot, so krenata glava i ne da sonuva da bega na zapad so svitkana kichma, ne izlazaa go dadovme imeto a toa shto sega sakaat da go napravat e uste polosho i sum strogo protiv toa ( so Bg ako dajme istorija). Site shto ne vodea dosega si gledaa za sebe i se zbogatija Branko, Ljubcho, Grujo ne sakam da go spomnam a narodot nash Severdzanski ili Makedonski kakov shto ti sakash da navedesh i nekoi zagubeni tuka pati. Taka da Severdzan sum
ili Makedonec spored tebe? Ne a si go sakam narodot i sakam da zivee ubavo bez razlika kakov pat izberi dali kon zapad ili istok, vishe po shto se e mogukje nakraj. Duri i za tebe ako si Mk sakam da zivejsh zivot najubav i zdrav, sakam da sme drzava za primer i da gledame potcenuvachki kon sosedive, shto ne maltretiraat od osamostojuvanje i da sme podobri od niv se razbira :toe:
 
Последно уредено:

TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.291
Епа тоа е ултимативниот проблем на целиот конфликт. Лудак со нуклеарно оружје кој не го цени човечкиот живот многу лесно може да го одведе светот во неповрат. Мислам дека и Хитлер да имал нуклерки ќе беше истиот проблем.
Не е он лудак, агендата на западот е да ја сотре Русија, во тоа е главниот проблем. Тука лежи лудилото во случајов.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
А од кога ги усовршија СССР, каде ги употребија и во која сврха ?
Непотребно го вртиш муабетот. Поентата ми беше дека Германија да беше прва со нуклеарки, Хитлер сигурно ќе ги употребеше за да не дозволи да изгубат во војната. Тоа што САД беа првите што употребија нуклеарки не значи дека ќе беа единствените. Во неколку прилики и они и СССР биле блиску да употребат. А сега гледаме дека Путин прв се заканува со нуклеарки.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
Не е он лудак, агендата на западот е да ја сотре Русија, во тоа е главниот проблем. Тука лежи лудилото во случајов.
Почна целосна инвазија на соседна земја, праќа свои војници да гинат непотребно, и се заканува со нуклеарно оружје. Да, лудак е. Хитлер 2.0.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.276
Поени од реакции
5.529
Какво извртување на фактичката состојба и терање на пропаганда. Од прееска форсираш муабет како само Русија е крива.
Факт број 1. Војнава не трае од пред 2 дена, војнава трае 8 години.
Факт број 2. Војнава не ја почна Русија, ја почна Украина, пред 8 години. Легално избрана власт ја сменија со шарена револуција, поставена беше знаеме каква власт, која со помош на западот и медиумите тераше страшно гнусна кампања против секој русин и сите што зборат руски во Украина. Се цртаа мети на овие луѓе. Им се ускратија сите права, се палеа живи цивили кои беа про руски ориентирани, се убиваа руси на секој чекор, поготово источна Украина. Крим, Лугањск, Доњецк се директна последица на тие случувања. Секоја една држава има право да го брани своето малцинство надвор од нивните граници. До сега само ги помагаше тие региони, сега работа е дојдена до точка од која нема враќање. Потпишаа договор во Минск, Украина воопшто не сака да го спроведе тоа што сами го потпишале. Затоа немој да какаш и да правиш споредби кои немаат никаква врска со фактичката состојба.
Двете страни сносат вина за ова што се случува моментално.
Факт број 3. Украина не сака да биде самостоја, неутрална, добро вооружена држава. Украина ја бутаат во НАТО, организација оформена како дефанзивна, а во пракса покажаа дека се се само не дефанзивна организација за одбрана од СССР. Војни во Африка, Азија, Балка, далеку од нивни граници. Уништување на сите држави каде интервенирале. НАТО на граница на Русија, поготово толку голема граница ко украинскта, е дирекрна и реална закана за Русија.
Факт број 3. Зеленски и Украина моментално се обичен пиун на САД. Не ли го гледаш кретенот дека еднаш вика сакаме да преговараме, па утредента одбива преговори, дели оружје на наородот, овие се испотепаа помеѓу себе.

Затоа двете страни се криви за ситуацијава. Ова можеше да се избегне ако го спроведоа тоа што го потпишале. Украина нема да има никаква корист од НАТО, а може само да послужи како топовско месо исто ко и Полска, за да бидат заштитени САД и пред се Франција, Германија, Британија. Украина има предобар пример во Финска и Шведска, наместо тоа они избраа да бидат непријатели со една од ТОП 3 најмоќни земји во светот, а делат граница и историја со нив и што е најтрагично имаат големо малцинство баш то таа земја. Кога доаѓа до ваква војна, не постои добра и лоша страна, постојат само лоши страни.
Ако ми го прочита првото мислење ќе видиш дека не го бранам фактот што Нато преку Украина навлегува на граница со Русија. Не можам тоа истото да ги пишувам во секој пост кога реплицирам со повеќе од 1 човек.

Факт е дека Русија можеше и мораше на сличен начин како што направи со Крим да си ги собере Луганск и Доњецк кај што преовладува Руско население.

Тоа што го правело НАТО и САД не дава легитимитет на Русија да го прави истото. 2 зла не прават добро или второто зло не го прави помалце злобно затоа што е второ.

Од друга страна имаш обичен народ кој што страда, не политичарите у фотељи. И да ја сменат власта во Украина, што тогаш? Ја сјебаа цела држава, цели брани срушија, 10 години ќе им треба да дојдат на 0 инфраструктурно. Економски дали некад ќе се вратат е знак прашање. LOSE-LOSE сценарио.

Можеа и мораа политички да го изиграат ова вака и кредибилитетот на Русија е у минус, економски исто и нив ќе ги чини ова а и ќе се повторам човечки исто така. Сигурно се далеку од 4000 војници загубени, бројка што ја репортира Украина ама сигурно и не се под 1000. 1000 луѓе толку ни се големи одредени населени места во државава наша. Не се малце.
 

PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.495
Двојните аршини, двојните стандарди, лицемерието на западот/западните сили... Нападот на НАТО врз Југославија/Србија е ок тоа е демократски чин, нападот врз Ирак, Либија, Сирија... се чин на слобода, демократија и правда, ама, ама, ама нападот од страна на Русија врз Грузија (2008) и врз Украина (2022) се насилство, тероризам, силеџиство...
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.010
Поени од реакции
83.400
Почна целосна инвазија на соседна земја, праќа свои војници да гинат непотребно, и се заканува со нуклеарно оружје. Да, лудак е. Хитлер 2.0.
И Америка и Русија (СССР) до сега, правеа инвазии врз трети земји и се закануваа со нуклеарки.
 
Член од
17 август 2009
Мислења
3.678
Поени од реакции
5.305
Ова со затварањево на небото за руски авиони, ти е класика на она. Демек јас прв го направив тоа и појак сум, а уствари сите знаеа дека Русија на санкциите ќе одговори со затварање на воздушниот простор за западот. Ама сеа овие како една медиумска ура, прво ние ќе го напраиме она што знаеме дека ќе не погоди тешко.
Русија мн лесно и ефтино може да ја заобиколи ЕУ, ама незнам овие западњациве само од кај ќе вртат да стигнат до Азија. Низ блиски исток тешко, таму има војни на секој чекор, ваљда низ Арктик :D
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.869
Поени од реакции
23.265
Ne znam kaj sakash da me stavish vo Severdjanite ili Makedoncite? Ti koj si? So znamevo me kinish malku Mk-albanec si ili shto si? Dur se delime ko shto se delime a sekogash kje se delime dur ima takvi kako tebe. Ne ziveam u Mk odamna, ne ziveam ni vo Rusija( fala mu na gospod) . Edno sakam samo narodov kaj nas da zivee ubav zivot, so krenata glava i ne da sonuva da bega na zapad so svitkana kichma, ne izlazaa go dadovme imeto a toa shto sega sakaat da go napravat e uste polosho i sum strogo protiv toa ( so Bg ako dajme istorija). Site shto ne vodea dosega si gledaa za sebe i se zbogatija Branko, Ljubcho, Grujo ne sakam da go spomnam a narodot nash Severdzanski ili Makedonski kakov shto ti sakash da navedesh i nekoi zagubeni tuka pati. Taka da Severdzan sum
ili Makedonec spored tebe? Ne a si go sakam narodot i sakam da zivee ubavo bez razlika kakov pat izberi dali kon zapad ili istok, vishe po shto se e mogukje nakraj.
Eeee dolga i siroka e toa.
A Jas i random severdjan nemozam da bidam isto, niti pak sakam.
A ako tolku sakas tuka narodot da zivee ubavo, vrati se i pridonesi.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.479
Поени од реакции
4.308
Почна целосна инвазија на соседна земја, праќа свои војници да гинат непотребно, и се заканува со нуклеарно оружје. Да, лудак е. Хитлер 2.0.
Бајден БУКВАЛНО се закани прв
И се преправаш како заливот на свињите во куба не се десил...
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
Бајден БУКВАЛНО се закани прв
И се преправаш како заливот на свињите во куба не се десил...
Ако за тебе ова е буквална закана, не дај боже да изјавел дека праќа војници во Украина да војуваат со Русија. Веќе ќе сме биле сите мртви според тебе...

Околу второто, веќе пишав мислење.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.869
Поени од реакции
23.265
Двојните аршини, двојните стандарди, лицемерието на западот/западните сили... Нападот на НАТО врз Југославија/Србија е ок тоа е демократски чин, нападот врз Ирак, Либија, Сирија... се чин на слобода, демократија и правда, ама, ама, ама нападот од страна на Русија врз Грузија (2008) и врз Украина (2022) се насилство, тероризам, силеџиство...
Piratik druze, ako ti go haknaja profilot ovie rusofilite trepni dva pati :ROFLMAO:
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.010
Поени од реакции
83.400
Бајден БУКВАЛНО се закани прв
И се преправаш како заливот на свињите во куба не се десил...
Не е тоа закана од Бајден, туку изговор, пред делот од домашната јавност која го прозва поради неагилност: -Зарем само со санкции? Зарем само ќе гледаме од страна? и тн.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom