Застрашувачки ми е дури со какви створења делам воздух, што се ситат на војна и се восхитуваат на Путин...
Ај неколку работи:
1. "Кловнот" како што некои го нарекуваат, освои 73% од гласовите на претседателски избори со 63% одзив. Секоја паралела со нашиов цреп што беше на власт е апсурдна, затоа што нашиов глупак дури и по еден куп фрлени пари од Сорос и компанија за "шарена револуција" освои помалку гласови од тогашната власт. Дури и споредбата дека Зеленски бил инсталиран од западот е глупа, заради тоа што ако беше така - народот до сега ќе му имаше свртено грб и можеби и ќе беше убиен од неговиот народ, што очигледно не е случајот затоа што цело време гледаме видеа како е на улиците со народот. Му нудеа и да го извадат од Украина за биде на безбедно, но на тој начин сигурен сум дека Украинците би се чувствувале предадени и деморализирани. Дури и неговиот опонент на изборите, Порошенко, е на негова страна во ова.
Сликава најдобро ја објаснува ситуацијата.
Од друга страна Путин нема излезено од бункер со недели (ако не и месеци). Дали он ако се појави меѓу народот ќе го дочекаат со овации?
2. Официјалниот став на Путин, а и на многу дегени овде на форумов е дека Русија треба да ја "ослободи Украина од нацисти и наркомани"... Толку е глупо ова што не ми се ни коментира, но ќе го кажам ова: Украинците повеќе од било кога сакаат конечно да се ослободат од Русија и нејзиното влијание и се спремни да одат до крај. Путин со секој изминат ден само повеќе го навлекува гневот на Украинците, но и на Русите. Што мисли дека ќе се случи ако ја окупира Украина? Дека народот во Украина ќе седи мирен и ќе се помири со тоа? Не, ќе се случи истото од СССР/САД vs. Афганистан, помножено со 10, затоа што Украина се граничи со Европа и екстремно полесно ќе биде да се вооружува држава што е до тебе, отколку некоја на другиот крај на свет.
Од друга страна, веќе почнува да го навлекува гневот и на Русите уште од почетокот на инвазијата, а само ќе се зголемува заради сите санкции што му ги лупна Европа и видеата каде што луѓе чекаат да извадат пари од банкомат... Утре можно е Рубљата да пропадне во земја... А тек ако стварно ги исфрлат од SWIFT...
3. Многумина се восхитуваат што почнале да "паѓаат" градови во Украина затоа што Руски тенкови/оклопи влегле во градот... Не сум воен експерт, но од она што го читам по интернет, тоа е и целта на Украина. Војската им е фокусирана во градовите, затоа што тогаш Русите треба да влезат и да го "ослободат" градот. А по она што гледаме овие неколку дена, не им оди така лесно затоа што Украинците помогнати од САД/НАТО добиваат информации за логистиката на Русија, ги отцепуваат конвоите со залихи, тенковите на Русија им остануваат без нафта и после се лесна мета за освојување. Затоа и премногу видеа од уништени конвои низ град. Не се изложуваат Украинците на отворено поле и сега-за сега им оди добро во тој поглед. Ова многу лесно може да се смени ако Русија почне да бомбардира сè живо и диво, но каде ќе е крајот тогаш? Сигурно во таков случај ќе ги утепаат со санкции, а не дај боже да вклучат и нуклеарни оружја (веќе почнаа да се закануваат).
4. После Путин Русија се распаѓа. Цел свет го мрази, а не е ни приближно доволно популарен кај неговиот народ за да го прави она што го прави. Ќе биде исто како Хитлер и нацистичка Германија во WW2. Во најлош случај ќе ја бутне Русија, а со тоа и светот, во нова војна и пак ќе умираат многу Руси и други невини народи.
И во случај некој да ми реплицира со "Америка ова-она..." - НЕ сум за Америка и НЕ го поддржувам сè тоа што го прави низ светот. Темава е за Украина и моменталната Руска инвазија. Ќе се задржам само на тоа.