Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    681
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.401
Поени од реакции
36.334
Не бери грижа , и без руското небо си летат авиони.
Прегледај го приврзокот 323227

https://www.flightradar24.com/42.36,28.31/4
Ќе летаат ама сигурно нема за Кина, Кореја и Јапонија да летаат европски превозници.

А што е поентата на санкциите? Демек Русија ќе биде фрлена на колена?

Европа го прави најглупото нешто а тоа е ескалирање на состојбата со нуклеарна супер сила, наместо да го фати за уши и да го натера Зеленски да преговара.

Ако Русија се осети загрозена од санцкиите, ќе ја ескалира ситуацијата. Може не е економска супер сила ама може да затвори вентили за гас и нафта за Европа и да ја збесне цената на гасот а некои економии да дојдат до колапс. Може да донесе боеви глави во Калининград.

Тоа сакате? Поради членството на Украина во НАТО, Европа да личи како површината на Марс? Зашто тоа ќе се случи ако санкциите му направат немири дома.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.300
Поени од реакции
16.353
Да, очигледно Путин игра на картата или се или ништо.
Нас во Виена веќе ни предупредуват и советуват да си набавиме и складираме основни продукти и производи поне за една - две недели..
И искључите интернет, да не те читаме.
 

TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
790
Поени од реакции
1.290
Милошевиќ бил крив, терал инат. У ред. Кој курац е САД и НАТО да се меша во нешто што нема никава допирна точка со нив. И сам знаеш зошто се влешаа. За да можат да ја отцепат таа територија, да ја направат нивна воена база, да им ги соберат сите рудни богатства.
САД ја створиле Југославија, 500 милијарди долари фрлени во денешна противвредност, затоа ја бомбардираа. Со американски пари е одржувана Југославија. Од американска гледна точка е оправдано, арно ама исто е и со Украина.
Во црнечки жаргон, постојат неколку веле сили а се друго се нивни кучки.
 
Член од
30 октомври 2021
Мислења
1.504
Поени од реакции
3.607

Кајганеро

Немој не ме радуј!
Член од
3 јули 2010
Мислења
2.828
Поени од реакции
2.694
Овие „украински“ војници, како од некој руски затвор ги најдоа. :D
Очекувано е од двете страни да има пропаганда пуштено на макс. Народот го јаде најмногу ко у свака војна. У секој случај, демократијава западна е ептен транспарентна па затоа се гледа само едната страна, наместо двете, па нека судат сите.

Пак ќе кажам, секоја војна е за осуда, а ова западниве копилиња со олигарсине од истокот се да ги пуштиш у dog cage буквално да се испотепаат наместо деца млади да умираат.
 

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.806
Поени од реакции
26.369
Еве одприлика како изгледа одбраната на Украинската „демократија“
Автоматски споено мислење:

Иначе преговорите само што почнале, во исто време Зеленски оформува легија на странци за фронт против Русија. Во реалност, тоа е исламската интернационала од Сирија.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.916
Еве одприлика како изгледа одбраната на Украинската „демократија“
Автоматски споено мислење:

Иначе преговорите само што почнале, во исто време Зеленски оформува легија на странци за фронт против Русија. Во реалност, тоа е исламската интернационала од Сирија.
E bas radi legijava sakam da gi gagjaat so TOS i da gi ispozapalat, očite da im se stopat, zivi da gorat..
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.194
Поени од реакции
81.281
За тоа е крив Милошевиќ и неговата багра, пошто многу се инаетеше, беше арогантен и одеше со глава во ѕид наместо дипломатски и ден денес србите трпат.

Кривецот е секогаш во самата држава а не однадвор т.е. колку заслужуваш - толку добиваш и тоа е непобитлив закон а слабаците секогаш бараат оправдување во некој друг; ХААРП, 5г, Ротшилд, илуминати итн. тоа е сѐ само за да не се понесе одговорност.
Сакаш да кажеш дека Зеленски е кривецот за ова денес?
У право си.
 
Член од
31 јануари 2022
Мислења
377
Поени од реакции
995
Дали конечно му дојде малце умот на идиотот? Се надевам дека повторно не е некој блеф. ДАЈ БОЖЕ ДА СЕ ДОГОВОРАТ!


 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.141
Поени од реакции
5.894
Застрашувачки ми е дури со какви створења делам воздух, што се ситат на војна и се восхитуваат на Путин...

Ај неколку работи:
1. "Кловнот" како што некои го нарекуваат, освои 73% од гласовите на претседателски избори со 63% одзив. Секоја паралела со нашиов цреп што беше на власт е апсурдна, затоа што нашиов глупак дури и по еден куп фрлени пари од Сорос и компанија за "шарена револуција" освои помалку гласови од тогашната власт. Дури и споредбата дека Зеленски бил инсталиран од западот е глупа, заради тоа што ако беше така - народот до сега ќе му имаше свртено грб и можеби и ќе беше убиен од неговиот народ, што очигледно не е случајот затоа што цело време гледаме видеа како е на улиците со народот. Му нудеа и да го извадат од Украина за биде на безбедно, но на тој начин сигурен сум дека Украинците би се чувствувале предадени и деморализирани. Дури и неговиот опонент на изборите, Порошенко, е на негова страна во ова. Сликава најдобро ја објаснува ситуацијата.
Од друга страна Путин нема излезено од бункер со недели (ако не и месеци). Дали он ако се појави меѓу народот ќе го дочекаат со овации?

2. Официјалниот став на Путин, а и на многу дегени овде на форумов е дека Русија треба да ја "ослободи Украина од нацисти и наркомани"... Толку е глупо ова што не ми се ни коментира, но ќе го кажам ова: Украинците повеќе од било кога сакаат конечно да се ослободат од Русија и нејзиното влијание и се спремни да одат до крај. Путин со секој изминат ден само повеќе го навлекува гневот на Украинците, но и на Русите. Што мисли дека ќе се случи ако ја окупира Украина? Дека народот во Украина ќе седи мирен и ќе се помири со тоа? Не, ќе се случи истото од СССР/САД vs. Афганистан, помножено со 10, затоа што Украина се граничи со Европа и екстремно полесно ќе биде да се вооружува држава што е до тебе, отколку некоја на другиот крај на свет.
Од друга страна, веќе почнува да го навлекува гневот и на Русите уште од почетокот на инвазијата, а само ќе се зголемува заради сите санкции што му ги лупна Европа и видеата каде што луѓе чекаат да извадат пари од банкомат... Утре можно е Рубљата да пропадне во земја... А тек ако стварно ги исфрлат од SWIFT...

3. Многумина се восхитуваат што почнале да "паѓаат" градови во Украина затоа што Руски тенкови/оклопи влегле во градот... Не сум воен експерт, но од она што го читам по интернет, тоа е и целта на Украина. Војската им е фокусирана во градовите, затоа што тогаш Русите треба да влезат и да го "ослободат" градот. А по она што гледаме овие неколку дена, не им оди така лесно затоа што Украинците помогнати од САД/НАТО добиваат информации за логистиката на Русија, ги отцепуваат конвоите со залихи, тенковите на Русија им остануваат без нафта и после се лесна мета за освојување. Затоа и премногу видеа од уништени конвои низ град. Не се изложуваат Украинците на отворено поле и сега-за сега им оди добро во тој поглед. Ова многу лесно може да се смени ако Русија почне да бомбардира сè живо и диво, но каде ќе е крајот тогаш? Сигурно во таков случај ќе ги утепаат со санкции, а не дај боже да вклучат и нуклеарни оружја (веќе почнаа да се закануваат).

4. После Путин Русија се распаѓа. Цел свет го мрази, а не е ни приближно доволно популарен кај неговиот народ за да го прави она што го прави. Ќе биде исто како Хитлер и нацистичка Германија во WW2. Во најлош случај ќе ја бутне Русија, а со тоа и светот, во нова војна и пак ќе умираат многу Руси и други невини народи.

И во случај некој да ми реплицира со "Америка ова-она..." - НЕ сум за Америка и НЕ го поддржувам сè тоа што го прави низ светот. Темава е за Украина и моменталната Руска инвазија. Ќе се задржам само на тоа.
 
Последно уредено:

jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.806
Поени од реакции
26.369
4. После Путин Русија се распаѓа. Цел свет го мрази, а не е ни приближно доволно популарен кај неговиот народ за да го прави она што го прави. Ќе биде исто како Хитлер и нацистичка Германија во ВВ2. Во најлош случај ќе ја бутне Русија, а со тоа и светот, во нова војна и пак ќе умираат многу Руси и други невини народи.
Така е, нема што да се секираме. Ќе треба да наостриме ножевите и да седиме на граница и да чекаме да умре и готово, решено е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom