И толку беше
@Hello Kitty со зголемување на бројот на заразени во училиштата. Мислам јасно беше со оглед колкаво е намалувањето на заразата. Само патка беше за да повикаат на вакцинација на децата.
-----------------------------------------------------------------------
Оваа недела, како што кажа, има тренд на намалување на заразени во сите старосни групи, меѓу кои и во онаа на деца од шест до 14 години, во која минатата недела имаше зголемување на трансмисијата.
„Зголемувањето на бројките кај деца од шест до девет и 10 до 14 години, беше аларм за да ги активираме овие секундарни контролни механизми да видиме дали има повисока трансмисија на вирусот во училиштата. Но, како што веќе кажав, има тренд на намалување на бројките во сите старосни групи, па и во оваа. Малиот број на заразени ученици не мора да се должи само на трансмисијата во училиштата, туку и на актуелниот тренд на намалување на бројките во сите старосни групи“, рече Мехмедовиќ.
Од 800 досега тестирани деца во училиштата, само осум биле позитивни на коронавирусот, информира денеска портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ.
www.mkd.mk