Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.168
Поени од реакции
10.124
Се шлепаше лани на грб на Лукаку, пошо многу често го чуваа овој и по 3ца дефанзивци, даде 10тина гола и у ситуација кога треба да превземе дел од одговорноста, он е печен да изгуби стартно место од Санчез, заборавен на фудбалската мапа.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.446
Поени од реакции
7.726
Еј еј полека пријатели и Тролејбус, 100 години немавме група пројдено сеа не треба да бркаме тренери и играчи ради пораз од Ливерпул кој е топ 3 тим во светот. Напротив, јас сум среќен што покажавме дека може да парираме на волку јаки тимови, само силата е таа со овој фонд на играчи. Основата ни е одлична, треба пар засилувања летоска и таман ќе бидеме.

И да, Ханда те молам умри некако не можам да те гледам веќе.
Malku off topic... Ne znam koj bese, ali ja bi mu simnal kapa na deckoto tuka koga zborese deka podobro e da si otide Lautaro otkolku Hakimi...
Види ги па овие соучениците од Златен Сремец какви глупости изнатрескаа...

Цобе па бил задоволен што Интер докажал дека може да се носи со Ливерпул а Милан во групите им даде поголем отпор...
 
Член од
23 август 2010
Мислења
39.811
Поени од реакции
115.831
Се шлепаше лани на грб на Лукаку, пошо многу често го чуваа овој и по 3ца дефанзивци, даде 10тина гола и у ситуација кога треба да превземе дел од одговорноста, он е печен да изгуби стартно место од Санчез, заборавен на фудбалската мапа.
Нема врска сево ова, денес требаше Џеко да искочи и да влезе Санчез. Не го кривам за ништо Џеко пошо изигра ок меч ама усра 3 4 чисти контри зашо е спор, јебига не е и он крив. Требаше да се убрза нападот пошо Пул фура висок пресинг.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.168
Поени од реакции
10.124
Нема врска сево ова, денес требаше Џеко да искочи и да влезе Санчез. Не го кривам за ништо Џеко пошо изигра ок меч ама усра 3 4 чисти контри зашо е спор, јебига не е и он крив. Требаше да се убрза нападот пошо Пул фура висок пресинг.
Апсолутно не ми беше постот за денес. Денес Лаутаро дури и коректно изигра, за негови стандарди сезонава, каде речиси и да не постои.
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.969
Поени од реакции
15.226
Дај нека му испрати некој хелекс на тролејбусот. На раб на мозочен удар е ако веќе не го доживеал. Не се трпи на темава. Мора да се смири малце иначе 50 страни ќе натопори на темава до сабајле.
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.753
Поени од реакции
8.846
Реално нема шо да сме разочарани...квалитетот како што пишавме игра огромна улога во овој случај и да победевме случајно пак ќе не истуреа на Енфилд....плус и факт е дека Интер е екипа без мадиња и никогаш немаме изграно јако во дерби и тешка утакмица во Европа...буквално никакви екипи како Лајпцих и Салзбург имаат подобри шанси од нас во ЛШ бидејќи сме проклети како клуб...милион комплекси имаат фудбалерите од јаките противници и ги туркаат гаќите...само ние губиме лесно од Реал и Барса по двапати...плус ниту гол неможиме да му дајме.

Ако не се консолидираат со време ќе падни брука и Милан ќе го освои скудетото.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.446
Поени од реакции
7.726
Дај нека му испрсти некој хелекс на тролејбусот. На раб на мозочен удар е ако веќе не го доживеал. Не се трпи на темава. Мора да се смири малце иначе 50 страни ќе натопори на темава до сабајле.
Уживај овој ми е последен пост...
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
2.706
Поени од реакции
2.181
Нема што многу да се коментира за утакмицава, одлично поставена игра на Инзаги, едни од најдобрите играчи на светот од Ливерпул не се видоа денес а од друга страна примаме простачки голови по индивидуални грешки.

Второ полувреме имавме посед 74-26 што на Ливерпул не ми се верува дека му се има десено последниве години. Стварно штета ама тоа е капацитетот на тимов, без нормални резерви и без користење на шансите.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Вака се расте, ајде.
Не се бламирајте да кривите поединци, денес сите изиграа машки и јако. Ливерпул не беше фудбалски боље противник од Интер. Едноставно искуство, појака клупа и повеќе опции за измени им ја донесоа победата.

Супер настап од Интер, ја искрено не очекував ваков пристап и ова воопшто не е издание на тим што е во криза, нели.
Ова само треба да им даде додатна мотивација да влезат во нова јака серија на победи во Серија А и никад веќе да не им текне вакво свесно осакатување на играчкиот кадар. Ова последново важи за тие од управа.

Секоја чест на Инзаги за ова што го прави со тимот.

Измената Санчез-Лаутаро не донесе ништо, дури и затаивме со нападите коа влезе Алексис. Лаутаро ваков таков што го серете, одлично ја напаѓаше задната линија на Ливерпул и имаа озбилен проблем при изнесувањето на топката. Санчез не може да игра таков пресинг.

Видал, Перишиќ, Шкринијар, сите пофалби. Војници прави.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
Уживај овој ми е последен пост...
Аман бе, стабилизирај се малку. :LOL:
Не е крај на светот, никој освен тебе не мислеше дека имаме шанси против Ливерпул.
Не е до Инзаги, до Сенси, или некој друг, едноставно толку им е силата.
Има за што да се игра до крај, ова беше за мерак двомеч, ништо друго.
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.441
Поени од реакции
3.698
Нервозен сум само за глупавите голови што ги примивме, за играта и пожртвуваноста на нашите немам зборови, сите беа на ниво, освен Ханда падавичарот.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.235
Поени од реакции
13.166
Аман бе, стабилизирај се малку. :LOL:
Не е крај на светот, никој освен тебе не мислеше дека имаме шанси против Ливерпул.
Не е до Инзаги, до Сенси, или некој друг, едноставно толку им е силата.
Има за што да се игра до крај, ова беше за мерак двомеч, ништо друго.
До фијаското што ни го приредија летоска кинезите е!
Само до тоа и ништо друго.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
До фијаското што ни го приредија летоска кинезите е!
Само до тоа и ништо друго.
Абе за тоа бевме свесни уште тогаш. Ама реално и без такво лето, далеку сме од нивото на Ливерпул. Не сме за завршни рунди на ЛШ, има нивоа што треба да ги поминеме прво.
 

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.235
Поени од реакции
13.166
Абе за тоа бевме свесни уште тогаш. Ама реално и без такво лето, далеку сме од нивото на Ливерпул. Не сме за завршни рунди на ЛШ, има нивоа што треба да ги поминеме прво.
Не викам не ама срам ме изеде коа ја видов тројната измена.
У земја пропаднав ако ми веруваш :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom