Значи не се 5% туку се 25%, не разбирам дали мислиш дека со пишување на форум на каков било начин може да се промени реалноста, реалноста е таа каква што е. А во преостанатите 75% исто така има добар дел јаглен,гас и нафта од Централна Азија која се пренесува преку Руска територија кој ќе стане недостапен исто така.
И тие 25% се купуваат по драстично помала цена од пазарната. Ако се иде по пазарни цени тие 25% ќе треба да ги плаќаат најмалку за 1/3 повисоки цени. Ако за тебе ова е мала работа, тоа е тоа. А ситуацијата е уште посмешна зошто навистина нема како да ги заменат тие 25%, значи нема други држави кои би можеле да го заменат тоа производство, ќе треба да се надаваат на отворен пазар со Источна и Југо Источна Азија а тогаш цените може да отидат во стратосферата.
Да не ги ни земам бројките за увоз на гас, нафта,струја и јаглен на некој од другите во Источна Европа или пак еве нас. Какви било санкции и драстично зголемување на цената на енергенси и ние сме банкрот.Толку.