Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Не се согласувам, ете една добра работа баш вчера направи..но ти мисли си како сакаш.
Пола од тие 100 000 што се на список за минимална, ти гарантирам дека земаат кеш на рака.
Ништо нема да се смени во поглед на платата, само ќе им пуштаат повеќе на сметка, а помалку на рака.
Проблем се 200+ илјади во државна администрација (ако се прашувам не треба да се повеќе од 50к, за време на осамостојувањето спомна Слободан Богоевски дека биле околу 45 000, и тоа рачунај на 2 милиони жители, и 0% дигитализација и автоматизација).
Ако тргнеме 100+ илјади од државна цицка, преку ноќ ќе имаме 100+ илјади работоспособни за кои може да се бараат инвеститори, и кои конечно може да придонесуваат за општеството.
Следен чекор е зголемување на продуктивноста, и преквалификација во она што ќе носи пари, и инвеститори.
Инаку тешко на тој што треба да живее со 18к плата, само прават математики дека ќе биле 2ца вработени од куќа, а уствари ако имаат деца 15к се малку само за градинки и облека + вториот е хендикепиран да мора да излегува од работа кога треба да ги зема/носи.

Како викаа на К-15, „глуп народ, силна држава“, овде ти е „глуп народ, тиња држава“.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.196
Поени од реакции
10.162

Да, знам дека работодавачите правеа мандри со пријавување на работници со најнизок личен доход, а остаток у коверт или не, но тие работници се за жалење кога ќе им дојде време за пензионирање, со никаква пензија која ни за лекови нема да им стигне.
Затоа е сега и овој закон, се во корист на работникот, да нема пари на рака, туку основица со која ке биде пријавен во ПИОМ мора да биде 18000ден.
А како да се искорени оваа сиромаштија во државава, кога останавме без кадар, без квалитет...па ќе си бегаат работници, нормално, кој ке седи тука....затоа нека покачуваат таму кај што е најтенко.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Да, знам дека работодавачите правеа мандри со пријавување на работници со најнизок личен доход, а остаток у коверт или не, но тие работници се за жалење кога ќе им дојде време за пензионирање, со никаква пензија која ни за лекови нема да им стигне.
Затоа е сега и овој закон, се во корист на работникот, да нема пари на рака, туку основица со која ке биде пријавен во ПИОМ мора да биде 18000ден.
А како да се искорени оваа сиромаштија во државава, кога останавме без кадар, без квалитет...па ќе си бегаат работници, нормално, кој ке седи тука....затоа нека покачуваат таму кај што е најтенко.
Државата го прави проблемот, не работодавците со ова.
Пола свет функционира со бруто плата (погледни ги огласите, речиси секаде е бруто, а нето ти зависи од еден куп фактори, класа на оданочување, регион, возраст, и сам си ги бираш ставките за пензија, т.е бираш дали сакаш парите да ги земеш сега, или ќе земаш поголема пензија). Голем дел од земјите имаат и опција да си ги подигнеш парите од пензискиот фонд предвреме, со тоа што се откажууваш од одреден процент.

Проблем е покачување на нето плата бидејќи во позадина имаш прикриени 33% на бруто. Па за тој што зема 18к, работодавецот дава скоро 27к, за тој што зема 30к брутото е 45000, за тој со 40000 нето платата е речиси и 1000ка бруто и тн.
 
Член од
20 јули 2014
Мислења
3.281
Поени од реакции
8.687
Ако тргнеме 100+ илјади од државна цицка, преку ноќ ќе имаме 100+ илјади работоспособни за кои може да се бараат инвеститори, и кои конечно може да придонесуваат за општеството.
Следен чекор е зголемување на продуктивноста, и преквалификација во она што ќе носи пари, и инвеститори.
Целосно се согласувам дека пренатрупаната и искомпромитирана администрација е меѓу првите 3 најголеми проблеми на државава, ама ова што го напиша нема никогаш да се случи. Само ќе ни остане да си збориме и нервираме по форуми и други места.

Не знам како да ти објаснам, некој вработен во ЈП Градски Паркинг, ПУИК, АЕК и сл. што зема 40.000+ за некоја легачка работа каде од 8 часа работно време, ефективно работи најмногу 1 саат (ова кога има многу работа), ни на крај памет не му паѓаат некакви инвеститори или преквалификации и зголемување продуктивност... И ниту една Влада, нити сегашнава, нити која било идна Влада нема да повлече потег на штета на администрацијата од страв дека политички може многу негативно да им се одрази...
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.941
Поени од реакции
23.375
Која ти е поентата...нешто лично против мене. :confused:..
Protiv tebe licno ne, kamo da si samo ti.
Iljadnici ima kako tebe koi treba iljadnici kako mene da ve ranat i vo megjuvreme da ve slusaat kako mnogu vi bilo tesko i neznam sto na rabota, a najgolem del ni R od rabota nemate.
Vprocem ne ste vencani za toa rabotno mesto, ako smetate deka ste tolku sposobni i obespraveni oti ne se probate na privatno. Lesno e. Si davas otkaz i apliciras za rabota vo privatna firma ili uste podobro si otvoras svoja. E tamu ke mu objasnis na nadredeniot ili na potcinetite sto se mozi za pola sat da se napravi, posebno koga od djeb te plakja ili go plakjas. Vaka djabe pravime muabet, sit na gladen ne veruva.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.512
Целосно се согласувам дека пренатрупаната и искомпромитирана администрација е меѓу првите 3 најголеми проблеми на државава, ама ова што го напиша нема никогаш да се случи. Само ќе ни остане да си збориме и нервираме по форуми и други места.

Не знам како да ти објаснам, некој вработен во ЈП Градски Паркинг, ПУИК, АЕК и сл. што зема 40.000+ за некоја легачка работа каде од 8 часа работно време, ефективно работи најмногу 1 саат (ова кога има многу работа), ни на крај памет не му паѓаат некакви инвеститори или преквалификации и зголемување продуктивност... И ниту една Влада, нити сегашнава, нити која било идна Влада нема да повлече потег на штета на администрацијата од страв дека политички може многу негативно да им се одрази...
Епа пола од гласачката машинерија и на двете партии е таму.
Минимум 2/3тини од гласачката машинерија на брачата е таму, со завршено 4то и не знаат да се потпишат, а земаат по 40 000ки нето.
Што е потрагично има и со 1000+ евра на позиици каде не знаат за што се примени.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.280
Поени од реакции
5.534
Не сфаќам како луѓе не гледаат дека е чист популизам мерката. Во држави кај што се функционира како што треба нема потреба нон стоп државата да се меша во тоа колку ќе е минималецот. Австрија пример нема минимална плата ама сите имаат солидни плати, затоа што има здрав еко-систем во кој компанијата си плаќа соодветно. Затоа што верувајте секој нормален директор со радост би дал поголема плата на негови вработени затоа што знае дека тоа многу повеќе ќе му се исплати. Најдобар работник е оној кој е најсреќен и најзадоволен, со тоа е лојален спрема фирмата и е многу поисплатлив за една фирма него некој кој ќе си замине и треба нов на негово место.

Платата покачена 30% пример, а потрошувачката кошница плус струја и гориво вкупно 40% пример, ти си у минус пак затоа што сеа дури и помалце можеш да купиш него пред да ти го покачат минималецот.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.500
За во кои приватни сектори мислиш бе Владе, за во шивалните каде работникот е третиран како роб, зема 11000ден.и има само пола саат време за пауза, дали да јаде, моча, да испие кафе..што побргу да направи а работат и повеќе од осум часа!?
Сега барем со 18000ден.колку толку ќе бидат позадоволни.
Нема да бидат позадоволни тоа ти го гарантирам.

Позадоволни ќе беа ако ја имаа таа плата од 18 000 ама со цени на производи од 1994. Само оваа година има најверојатно инфлација од некој 20%+ ако не и 30%. Ваквите зголемувања на платите не само што нема да помогнат туку и ќе ја убрзаат инфлацијата. А притоа и ќе ја срушат продуктивноста поради незадоволство.

Проблемот поради кој се јавува инфлацијава во случајов е недоволното производство посебно на есенцијални добра. И ако не се зголеми производството инфлацијата само ќе галопира. За 6 месеци до година, ќе треба повторно да се дигне минималната плата на 21 000, ако не и 25 000 за да се задржи стандард, до кога ќе тераме така?

Зголемување на парите во оптег кога имаш недостаток на производи е катастрофален обид за решавање на проблемот. А недостатокот на производи го имаме поради недостаток на производство и огромен увоз на есенцијални суровини житарици, горива, електрична енергија, градежен материјал. Како се зголемуваат цените така ќе се стега ременот и огромната услужна економија ќе пукне како балон.

За подобри работнички права и подобри работни услови ако сакаш потребни се силни синдикати/здруженија и функционален правен систем.
За зголемување на стандардот на работниците потребно е зголемување на продуктивноста и ефикасноста.

Што е до мене и 30 000 нека ја стават минималната плата и нека ги покачат пензиите за едно 25% ќе видите дека нема да смени апсолутно ништо и нема да има никакво подобрување во стандардот. Само ќе го убрза трчањето кон амбисот, ова се само потези кои ги влечат очајници и необразовани.
 
Последно уредено:

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.722
Поени од реакции
21.270
Груевски и Мицкоски ја промовираа "нашата земја" како рај за евтина работна сила, вели СДСМ
Груевски и Мицкоски ја промовираа нашата земја како рај за евтина работна сила, вели СДСМ - Скопје1.мк (skopje1.mk)

Значи кој парадокс се комуњариве, феномен, мистерија, научна фантастика. СДСННЗ = социјал демократски сојуз на нашата земја
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.277
Поени од реакции
15.401
Мојот поранешен комшија Неџо го лапал до крај...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom