1. Технички не може, т.е може ако некој го плати тоа. Значи мрежни трошоци.
Чекај сега, ај како мало дете - како на лаик - објасни ми или барем посочи ми дали добро разбирам: Велиш нема пари за да се завршат некои релативно мали и бирократски пречки, ЗА ДА СЕ ЗАШТЕДАТ МНОГУ ПАРИ СО ТОА ШТО ВО СИСТЕМОТ КОНТИНУИРАНО ЌЕ ВЛЕГУВА ДОМАШНО ПРОИЗВЕДЕНА ЕНЕРГИЈА ОД САМИТЕ КОРИСНИЦИ?
И сето тоа поевтино од набавната увозна цена на електричната енергија? (во сегашни услови и далеку поевтина, многукратно поевтина струја од увозната)
2. Тие примери,шопска у кафана, гориво, телефон, не се субвенционирани од државата.
Мислиш дека не се? Со каква струја стопанисуваат, со истата која ние работните луѓе ја субвенционираме? Индустриската цена на струјата е повисока од набавната?
И најпосле ако може куп работи да им плаќаш на паразитите, по истата „логика“ што па да не и телефон и кафеана?
Прееска спомна штедење. Знаеш колку голтари ги знам кои последните пари ги даваат за скапи мобилни? За цигари, алкохол и кафани?
Штедењето не е резултат на сиромаштијата, туку одлика на воспитувањето.
Ја не викам богатите да плаќаат поише, ја викам да не ги субвенционира државата. Да си плаќаат пазарно. Сиромашните може да се субвенционираат, сепак сме социјална држава.
И да, ја знам која категорија троши поише струја. А размисли и сам,сигурно Мијалков не пушта бољер на ефтина тарифа.
Јас
за средната класа зборувам, таквите како Мијалков ем разликата во сумата ништо не им значи ем закон не ги фаќа, па ни даноци не плаќаат. ЈАС плаќам даноци 100%, ОБИЧНИТЕ РАБОТНИ ЛУЃЕ плаќаат даноци 100%... Социјалните паразитирања паѓаат на грбот на нас обичните работни луѓе, не паѓаат на грбот на таквите како Мијалков.
Направи разлика за што зборуваме.
Пошто средната класа плаќа за сите. Пошто дури и да направиш некој закон за даночење само на екстремно богатите (како Мијалков), тие пак ќе најдат начин да не бидат даночени. Па во факинг јуесеј лагано си избегнуваат данок најбогатите а не па овде. Уште еднаш за да се разбереме - социјализмот го плаќаме ние обичните работни луѓе, а го користат неработници и паразити (со исклучок на малцинството физички лимитирани инвалиди, не зборувам за нив).
И полошо, тие што чесно заработуваат ќе гледаат бизнисот да го преселат во друга (соседна) држава каде државата нема да ги краде за да финансира популизам заради политичи поени и останување/доаѓање на власт. Немаме скапо платени глумци овде, ама Жерар Депардје ми е добар пример... Едноставно си извади пасош од друга држава (што наплаќа фиксен данок, а не скалест), се откажа од француско државјанство, и им покажа среден прст на лешинарите.