Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Член од
8 февруари 2020
Мислења
5.312
Поени од реакции
7.668
Јас секој месец уплаќам во буџет пари од кои 5 паразити живеат. Високообразовани. Тие нормативи се ретардирани, без никаква конекција со здрав разум или било каква пазарна логика.

Не возење автобус. Возење во автобус.
Ај не се фали, догодина нема да ја имааш таа можност :D
Нема да се плаќа персонален данок во ИТ секторот од наредната година. Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека до 2023 ќе се намали персоналниот данок од 10 на 0 отсто, што ќе биде силен стимул за младите што повеќе да се насочат кон овој сектор каде од ден во ден се потребни сè повеќе работници.
 
M

Macedon1um

Гостин
Штом ќе се зголеми минималната плата, мора да направат и скалесто порамнување и зголемување на другите плати...иначе ќе настане хаос.....Да се надеваме дека ке се оствари тоа.
Глупости

Ова мерка т.е покачување е за најранливите категории да можат да го избуткаат месецот, за останатите приватен сектор кој како ќе се продаде кај газдите - додека кај администрација во зависност од тоа каква е состојбата на буџетот, а во моментов не изгледа дека е добра.

Па ете на пример, вработен со основно одд.ќе го стигне со плата некој што има завршено четири годишно образование, ..а нема да биде далеку и до некој вработен што е со високо образование...пример во образование...а за во други установи каде што има прекувремени и дежурства, смени....
Камионџија со 8мо одделение зима 3 пати повеќе од вработена во администрација на шалтер и тоа е во ред, според тежината на работата
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Ај не се фали, догодина нема да ја имааш таа можност :D
Тогаш само на пензии и здравствено ќе останеме. :(
 

SkimSkam

Full Stack Говнар
Член од
26 август 2021
Мислења
2.119
Поени од реакции
5.671
Може договор да биде на нето плата?
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.500
Оваквото вештачко подигнување на минималната плата независно од тоа дали има зголемување на продуктивноста само за да се справат со последиците на инфлациската криза за која самите они се криви нема да донесе никакви подобрувања а ќе повлече еден тон последици. Првин ќе ја зголеми инфлацијата веднаш, второ зошто нема да има линеарно зголемување на платите кај сите вработени туку само тие што се во моментов под таа магична граница од 18 000, ќе има намалување на продуктивноста кај вработените, и така само ќе си направат еден циклус на проблеми кој ќе си се храни сам од себе како пожар.

А јас сум 100% сигурен дека единствената причина поради која го прават ова е за да ги зголемат владините приходи од Персонален данок, Пензиско и Здравствено и со тоа да се намалат дупките во истото или да се покријат на друго место дупки.

Ако сакаа да се справат со инфлацијата, ќе подржуваа зголемување на производството на есенцијални добра ( храна, енергија, транспорт) во комбинација со тарифи на увоз и забрани за извоз и со тоа ќе се спречеше најголемиот удар од инфлацијата кај најсиромашните категории.

Ако сакаа да има зголемување на платите, немаше од петни жили да се борат секоја можна работничка организација да ја сотрат, ќе имаше каков било правен систем и немаше државниот апарат да се користи за да се одржува монопол на локални моќници.

Укинувањето на данокот за ИТ немам сомнеж дека е барање на некоја од поголемите ИТ фирми и некој новинар можеби би требало да ги разгледа тендерите или финансиерите на СДС. За персонален данок немам слушнатo некој од ИТ да се буни. Ако за некој данок сум слушнал бунење тоа би бил тој за здравство каде што плаќаш еден тон пари а немаш пристап до никаква услуга.
 
Последно уредено:
Член од
31 мај 2019
Мислења
318
Поени од реакции
1.002
Мајка ми е медицинска сестра со 36 години стаж, зима 21,000 денари
Сега ќе има за три илјадарки поголема плата од некој што вчера се вработил во сендвичара...
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.778
Поени од реакции
2.755
Мајка ми е медицинска сестра со 36 години стаж, зима 21,000 денари
Сега ќе има за три илјадарки поголема плата од некој што вчера се вработил во сендвичара...
А тоа што го зема мајка ти под рака да збрка некоја работа не спомнуваш а... ќе се караме
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Укинувањето на данокот за ИТ немам сомнеж дека е барање на некоја од поголемите ИТ фирми и некој новинар можеби би требало да ги разгледа тендерите или финансиерите на СДС. За персонален данок немам слушната некој од ИТ да се буни. Ако за некој данок сум слушнал бунење тоа би бил тој за здравство каде што плаќаш еден тон пари а немаш пристап до никаква услуга.
Повеќе е невешт обид да се биде конкурентен на Србија и Бугарија, со цел да се привлечат нови големи компании да отворат тука. Навлечени се на тие пари што легнуваат од надвор тука, ко хорсаш, и мислат дека така лесно може да се дуплираат.
 

old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.153
Поени од реакции
5.921
Мајка ми е медицинска сестра со 36 години стаж, зима 21,000 денари
Сега ќе има за три илјадарки поголема плата од некој што вчера се вработил во сендвичара...
Ѕирни ја статијава каде што има добри извадоци од твитер/фејсбук дискусии околу минимална плата:

Мои лични фаворити:
1.



2.
 
Член од
1 јули 2020
Мислења
1.790
Поени од реакции
8.500
Повеќе е невешт обид да се биде конкурентен на Србија и Бугарија, со цел да се привлечат нови големи компании да отворат тука. Навлечени се на тие пари што легнуваат од надвор тука, ко хорсаш, и мислат дека така лесно може да се дуплираат.
Ако е размислувањето тука ќе дојдат поголеми фирми ќе понудат х2 плати и со тоа ќе се зголеми приливот на пари. Тоа нема да се случи едноставно зошто ги немаме ниту бројките ниту пак концентрацијата во некоја област. Во Македонија програмерите се раштркани по милион различни типови на проекти. Да не мислат дека тие 10% ќе им направат некаква разлика на која било посериозна фирма. Работат со толкави маржи на профит и има толкав број на заостанати или паузирани проекти, што буквално некој од клиентите бараат зголемување на тимовите од по 300% само едноставно ги нема луѓето.

И ако се иде ете на тој начин со зголемување на продуктивноста да се зголемат платите и со тоа приливот на пари, тие 10% се бедна мерка. За навистина големите фирми, се што нив ги интересира е дали може за некој месец да организира 100-200 вработени во ефективни тимови и да почнат да го работат проектот, Ако ја немаш масовноста, тоа што е потребно е далеку покомплицирано и далеку поспособни држави од нашата не успеале да го направат тоа што они го сакаат. Треба да создадат цел еден "екосистем" од Универзитетите, преку работнички организации и бизнис заедници, преку биро за статистика и планирање па до проекти за нови технологии финансирани од државата.

Ако пак мислат дека со тоа привлекување на фирми, самите компании ќе донесат нови вработени од странство тука и со тоа ќе се зголеми приливот на пари тогаш па се во уште поголема заблуда, барем од мое искуство проблемот број еден за најголем дел од програмерите не е платата туку условите или поточно неусловите за живот. Посебно во главниот град.

Исто важи и за хонорарците кои патуваат, он ќе ти дојде тука за некој месец-два и ќе си отиде. Да не мислат дека ќе им се преселат тука каде што воздухот во зима има вкус на пепел ,се е ѓубре, здравството не постои, нема никаков културен живот, нема никаква ниту урбана ниту патна инфраструктура и на секој чекор се шетаат чудаци и лудаци. А да и помалите градови и скоро сите села се пустелии без никаква инфраструктура.

Ментиши, ако има какво било сомневање дека се генијалци кои го планираат сево ова, целиот сомнеж се губи кога ќе им ги видиш плановите кога се очајни. Благица продавачката во КАМ има посериозни решенија одколку нивните "експертски".
 
Последно уредено:
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.778
Поени од реакции
2.755
Doktori se toa. Pak se bunis.
Аха, сестрите не те гледаат во рацете дали носиш нешто. Имав прилика да лежам на државна болница за операција. Ако не му однесиш нешто не те гледаат, така ќе те остават како пес да цркниш.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.691
Штом ќе се зголеми минималната плата, мора да направат и скалесто порамнување и зголемување на другите плати...иначе ќе настане хаос.....Да се надеваме дека ке се оствари тоа.
На кого да им се зголемат платите?На паразитите шо лежат дома и лапаат државна плата?И какво е тоа скалесто порамнување?Како може порамнувањето да е скалесто???:cautious:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom