Значи, после еден месец од справувањето со кризата, дојдовме до следново:
1. Сметките за струја поскапеа НЕРЕАЛНО ниско, спрема поставеноста на пазарот и побарувањата на ЕСМ, МЕПСО и ЕЛЕМ. И покрај тоа, сметките на граѓаните им се превисоки.
2. Се распаднаа скоро сите добавувачи на струја на отворен пазар и сите фирми и општини отидоа кај универзалниот снабдувач - ЕВН. Цената зависна од ХУПЕКС берзата, им дојде да биде 5 пати поголема од порано, пошто такви беа цените на пазарот (во просек, 7-8 пати поголеми од просечните минатите години). Ниту една општина нема пари да си ги плати сметки ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ. Бараат државата да субвенционира. Ниту државните фирми нема да можат да си платат сметки, а нормално дека не можеш да ги исклучиш.
3. МЕПСО уште влече големи количини од европската мрежа, што може да се види од нивните извештаи од секој ден. Тоа се количини кои воглавно ЕЛЕМ не може да ги достави за универзалниот снабдувач. Државата (МЕПСО) ќе плаќа пенали по високи цени.
4. Државата го примора ТЕ-ТО да ја дава енергијата во Македонија, што е нонсенс.
5. ЕВН се жали на неликвидност и дека работи во загуба и денес побарале 6 месечен грејс период за плаќање на сметките кон ЕЛЕМ за струјата која им ја даваа во декември и јануари.
Значи, ЕВН нема ликвидност (не наплаќа ни од државни фирми, ни од граѓани, ни од општини), ЕЛЕМ нема енергија и нема пари од ЕВН, граѓаните ќе бидат исклучени ако не платат сметки далеку повисоки од нивниот стандард на живеење и што е најважно плаќаме за увоз на струја.
На крај КО ЧЕ ТО ДА ПЛАТИ?
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Ние од државниот буџет. Како? Со тоа што СЕ' ЖИВО И ДИВО НИ ПОСКАПЕ ВО ЖИВОТОТ и давачките за полнење на буџетот ни се рекордни.
Важно имаме струја и нема рестрикции