Лезбејкава пак нешто се буни, инаку идејата да се стават во клинички беше моја, го зборев истото уште на времето. Не дека мене ме читале па прифатиле, едноставно тоа беше комон сенс, логична опсервација.
Нема што џанкери да бараат во населби со фамилијарни куќи. Сакаа ретардите да прават центар за наркомани во Козле.
Глатко ги одбивме.
Прочитајте што феминисткава лупа...
Маргинализирани во центар
Ирена Цветковиќ
Една од моите чести теми во пишувањата на блогот, Окно и Дневник беа проблематичните нови центри за лекување на зависност од дроги. Во неколку наврати пишував за систематски спречувања на овозможувањето лекување на нашите сограѓани. Конечно после 15 години чувме добра вест.
Лекувањето на зависности воопшто не е едноставна процедура .Се одважија надлежните и аминосаа нов центар за лекување на зависници во рамки на Клиничкиот центар. Центарот е мал. Има можност за згрижување на 100 пациенти, но тоа е всушност најдобар начин за лекување. Центарот во Кисела вода не само што неколку години е затворен за прием на нови пациенти, туку е толку пренатрупан што во просек доаѓаат четворица доктори на 160 пациенти. Лекувањето на зависности воопшто не е едноставна процедура. Целосниот третман не смее да се исцрпи единствено во супститутна терапија. Доктори, но и социолози, психолози, психијатри мораат да работат со сите пациенти. Токму затоа мал центар за лекување на зависност од дроги е најдобро решение. Помал број на пациенти значи повеќе време кое ќе им биде посветено од страна на вработените.
Друга радост ми предизвика изборот на локација. Во обидот да се лобира кај градоначалниците за отворање повеќе вакви центри речиси сите имаа забелешки за изборот на „токму нивната општина“. Паѓаа предлози за зад Водно, после Сарај, некаде подалеку од населените места, зад Карпатите. Дури и оној кутар центар во Кисела вода пречека безброј барања, ветувања, предлози за дислоцирање. Што подалеку од наши очи. Оделени, гетоизирани, исфрлени на маргините од нашиот простор. Тоа се чисти дискриминаторски стратегии на сегрегација. Јавниот простор е регулиран и нормиран од овој лажен морал. Јавниот простор е конструиран низ овие стратегии на ексклузија, на социјално исклучување на од мнозинството прогласените „морално неподобни“.
Предрасудите врзани за корисниците на дроги се силни и длабоки во нашето општество .Предрасудите врзани за корисниците на дроги се силни и длабоки во нашето општество. Поради нив 15 години со мирна совест гледавме како ни умираат сограѓаните кои не стигнуваа за влезат во третман. Цели 15 години сталожено минувавме низ кршењето на основното човеково право, правото на лекување. Идејата да се отвори центар надвор од градот е глупава и неефективна. Секојдневното земање метадонска терапија за овие луѓе би значело секојдневно патување од домот до немајкаде. После еден месец и најупорните би се откажале.
И токму затоа отворањето на овој нов центар во урбана средина го доживеав како еден мал, но многу важен исчекор. Мојата радост ја поделија многумина вклучени во процесот на овозможување лекување. Изјавата на раководителката на дневниот центар за лекување на болестите на зависноста, докторка Лилјана Китева-Игњатова беше пренесена на речиси сите медиуми. Таа рече: „Во урбана средина, во клинички центар, немаргинализирано, не на крајот на градот, ова е потег кој зборува за дестигматизација на овој проблем и на лицата кои бараат третман за опијатни дроги.“ Таман да воздивнете и утешно да си кажете- почнаа да мрдат работите во оваа застоена вода и се натопори министерот за здравство, Бујар Османи.
Отпрво доста критичен кон себе и одговорните околу динамиката на отворањето на повеќе вакви центри кога дискриминаторската реторика почна така слатко да тече од устата на овој лепушкаст, млад министер. Предрасуди во свилени ракавици. Министерот Османи откако задоволно се смешкаше пред камерите за завршената работа продолжи да ги смирува неиздржаните стравови и да ги лекува повредените предрасуди и стереотипи повторно заговарајќи ја истата стратегија на сегрегација. Уште поголема, уште поопасна.
Во исто време додека остварува лекување, министерот ветува физичка одвоеност и посебен влез за зависниците. Да не ве потсетувам на историските и актуелните физички одвојувања на одредени луѓе од други„Сметам дека отворањето во оваа локација нема да биде на штета на никој во државата. Ќе има посебен влез во кој ќе се влегува во објектот, физички одвоен од пациентите во другите установи и се разбира дека во од ќе ја следиме работата на самата служба и доколку се појават евентуални проблеми ќе реагираме.“- рече Министерот Османи мртов ладен. Во исто време додека остварува лекување, министерот ветува физичка одвоеност и посебен влез за зависниците. Да не ве потсетувам на историските и актуелните физички одвојувања на одредени луѓе од други. На тоа ќе се згрозуваме, а за истава стратегија пренесена на микро ниво смирено ќе молчиме.
Предрасудите и стереотипите беа уште посилно зачинети од пост фестум реакциите на вработените во околните клиники во Клиничкиот центар. Неколкумина анонимни вработени во клиниките се јавија со остра реакција против отворањето на центарот за лекување на зависници од дроги во дел од медиумите. Според несензибилизираните и полни со предрасуди доктори и претставници на медицинскиот персонал зависниците и идни пациенти не се добредојдени во нивното работно опкружување.
Аргументите со кои го бранеа својот став се можност од ширење зарази и страв за безбедноста на вработените. Тие лекувале луѓе болни од туберкулоза, а зависниците имале намален имунитет и ширењето зарази и инфекции наводно ќе било зголемено. За глупавоста на овој аргумент доволно зборува фактот дека средствата за отворање на овој центар се донирани од Глобалниот фонд за борба против сидата, туберкулозата и маларијата. Вториот аргумент за очекувано насилство од страна на пациентите го објаснуваат со периодот на апститенција. Исто така глупав аргумент поради супститутната терапија најпрво, а второ периодот на апстиненција или можни кризи се проследени со немоќ, малаксаност и болки кај зависниците.
Но не. Корисниците повторно останаа да бидат маргинализирани, физички одвоени од останатите луѓе и окарактеризирани како ширачи на зарази и насилници. И после се` министерот имаше совест да зборува за отпор кај локалното население и локалната заедница. Чудно не ги спомена предрасудите и дискриминацијата. Изгледа таа е одобрена и допуштена. Ете така повторно сме сведоци не на чин на изградување туку на о-градување на центар за лекување на зависност од дроги. Маргинализирани во центарот.