Порано на МТВ имаше една емисија во понеделник мислам се викаше “Телеспорт“, малку смешно име. Ама како и да е, во таа емисија се пуштаа снимките од сите одиграни натпревари од првенството во неделата, и се анализираа разни работи. Меѓу другото, имаше еден дел од емисијата кој се викаше “Спорни моменти“, во која пуштаа 5 спорни оменти од тоа коло, а ги толкуваше некој од подобрите судии. Најчесто го повикуваа Гоце Попев кој важеше за најдобар судија од нашава држава, а тој често пати кога се работеше за пеналите, повторуваше едно правило: “Се што се санкционира надвор од шеснаесетникот се санкционира и ако се случи внатре“. Преведено, ако играта со рака се санкционира на било кој друг дел од теренот, се санкционира и во 16 метри.
И уште еден пример од нашите терени: малку повозрасните од вас кои се сеќаваат на мечот Македонија - Р.Ирска 3-2, сигурно се сеќаваат какви два пенали за нас свирна судијата во рок од две минути. Двата игра со рака, на раб од 16 метри, во едниот играчот едноставно си го штитеше лицето од топката. Ако е прекршок надвор, прекршок е и внатре.