Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
абе ај не кажуј ја шо да правам...а и тоа не беше за тебе така да не коментирај...За вакви постови си имаш приватни пораки , а не тука да пишуваш нешто сосема надвор од темата туку само за едно препуцавање!!!:nenene:
Ако гледаме така многу работи може да ни наштетат и се потенцијална опасност по здравјето. Водата која ја пиеме и е преполна со хлор, воздухот кој го дишеме и за кој излегоа неодамна статистички податоци дека веќе цела година постојано има далеку над дозволената концентрација на разни издувни гасови. Дури и овошјето и зеленчукот кои растат во почва како што е оваа во Мк, односно преполна со пестициди и сл. може да бидат штетни. А, да не зборам за разните индустриски прехранбени производи. Се тоа може да ти направи хаос во организмот. И што сега? Да не дишеме, пиеме вода и јадеме?Проблемот со дрогата не е во ефектите кои ги предизвикува, туку од ЗАВИСНОСТА.
Се прашувам како зависниците од ЛЕГАЛНИ дроги како кафе, цигари и алкохол се осмелуваат да фрлаат камења по оние кои решиле да експериментираат во спектарот на дроги кој е МОМЕНТАЛНО НЕЛЕГАЛЕН кај нас. Шо демек ако дрогата е легална и можеш да ја купиш во аптека/продавница, е помалце штетна?
Можеби марихуаната те праи нешто поглуп и посклон кон психози (ако почнеш да ја конзумираш од премлада возраст), но цигарите многукратно повеќе ти ги уништуваат белите дробови, па рак на грло, па труење на другите луѓе .. Алкохолот е топ убиец, на ист ранг со хероинот, ако не и со повеќе жртви годишно (одамна не сум читала статистики), и пак сите го конзумираме, и не се криеме дека го правиме тоа.
Заклучок: прво треба да се откажеме од цигарите, па од кафето, па од викендашкиот алкохол, па после да трубиме по форуми како на луѓето што повремено се опуштаат со понекој џоинт им треба “помош при откажуење“.
Мислев да не пишувам веке на темава,ама гледам дека не престануете со провокации....За крај, сметам дека е крајно некоректно на ваков масовен медиум да се изјавуваат ствари од типот дрогата е револуција, марата е тотално безопасна и не е дрога, марата инспирира, марата е само билка и слични пароли кои се класичен пример за denial.
Оставете ја марихуаната затоа што само неа ја користат. Кога ќе преминат луѓево на ЛСД и тоа ќе треба да го оставиме инакуМЗа останатите дроги зборувајте што сакате,ама марихуаната оставете ја,ке престанеме и ние.
Agreed?
Оставете ја марихуаната затоа што само неа ја користат. Кога ќе преминат луѓево на ЛСД и тоа ќе треба да го оставиме инаку![]()
Fabullous_178, додека не сфатите дека на строг начин се обидуваме малку да ви помогнеме (без оглед што никој не бара помош), секогаш ние "нормалните" ќе ви бидеме тешки
непријатели.
Заклучок: прво треба да се откажеме од цигарите, па од кафето, па од викендашкиот алкохол, па после да трубиме по форуми како на луѓето што повремено се опуштаат со понекој џоинт им треба “помош при откажуење“.
A кои се границите на повремено кај вас? Што за вас "уживателите" е повремено опуштање со понекој џоинт? Чисто ме интересира.....Алелуја!!!Конечно некој да свати!!!
Ама знаеш кај е разликата помеѓу лошата храна, цигарите, антибиотиците и дрогите како марихуана? Што едниве не се психотропни, а другиве меѓу кои и таа "безопасна" билка се.
И баш таа психотропност, и фактот дека ти ја мењаат итекако свесноста ги прави различни од цигари или кафе. Не се споредуваат, аман.
Кога ќе запалам цигара не ми се случуваат процеси кои ми успоруваат моторика, сјебуваат меморија, мењаат сетилни доживувања. А ,ако се надувам или конзумирам некоја друга дрога, се дешава тоа и многу повеќе. Затоа цел свет решил да ги нарекува наркотици.
Инаку, не видов баш лицемери на темава. Уосталом истата е за дрога, а не за ефектот на прженото месо врз артериите или никотинот врз дишните патишта, па затоа и не се збори за нив тука.
За крај, сметам дека е крајно некоректно на ваков масовен медиум да се изјавуваат ствари од типот дрогата е револуција, марата е тотално безопасна и не е дрога, марата инспирира, марата е само билка и слични пароли кои се класичен пример за denial.
A кои се границите на повремено кај вас? Што за вас "уживателите" е повремено опуштање со понекој џоинт? Чисто ме интересира.....
абе ај не кажуј ја шо да правам...а и тоа не беше за тебе така да не коментирај...
Таа е вистината?извини ама ако гледаме релативно тогаш ти одговораш на сите постови кои сметаш дека се против тебе.. веќе немам што да додадам на темава , само да се карам не планирам, си кажав јас мое мислење а ти ( вие ) правите онака како што мислите дека е најправилно и онака не сме ( ние ) некој значаен извор во вашите животи што ќе ви кажат како да се однесувате..Продолжите тоа што си го правите не гледајте што мислат за вас ама не се вреѓајте кога некој ќе ја каже вистината дека не е добро ( од здрствени причини кои сите ги знаеме ) да се користи било каква дрога ( вклучувјќи ја и марихуаната )... ај со здравје ..толку од мене
извини ама ако гледаме релативно тогаш ти одговораш на сите постови кои сметаш дека се против тебе.. веќе немам што да додадам на темава , само да се карам не планирам, си кажав јас мое мислење а ти ( вие ) правите онака како што мислите дека е најправилно и онака не сме ( ние ) некој значаен извор во вашите животи што ќе ви кажат како да се однесувате..Продолжите тоа што си го правите не гледајте што мислат за вас ама не се вреѓајте кога некој ќе ја каже вистината дека не е добро ( од здрствени причини кои сите ги знаеме ) да се користи било каква дрога ( вклучувјќи ја и марихуаната )... ај со здравје ..толку од мене
Ме интересира одговор и од Fabullous_178, затоа и го цитирав...Ќе одговорам со прашања:
- Ти пиеш алкохол денски?
- Пиеш секој ден?
- Пиеш ако знаеш дека следниот ден имаш важна и тешка работа?
- А кога ќе си седнете со другарите дома да пиете, колку пиете? Го оставате шишето недопиено?
Одговорот е не на сите прашања? Е па отприлика таму се границите, само замени во горните реченици алкохол со марихуана, а пиење со дување.