- Член од
- 29 јануари 2015
- Мислења
- 7.278
- Поени од реакции
- 20.260
Со овој потег испаѓаат дефинитивно.
Па да, во право си. Можеби требаше да размислат за велемајсторот Оле Гунар Солскјер, тогаш и за ЛШ ќе се бореа. Сезонава.
Со овој потег испаѓаат дефинитивно.
Максимум седмо место, има основа тој тим. Со тек на време и нормални инвестиции. Реалниот домет во овие околности е средина на табела.Евертон и тоа 7мо место...
Цело време е тој муабет за нив "знаеш добар тренер имаат, убаво испазарија летово се засилија, за ЛШ можеби не ама до 7мо место можат."Не биде неук, како што си. Максимум седмо место, има основа тој тим. Реалниот домет во овие околности е средина на табела.
Па зел од страна коментира, Dani факинг 7мо BMW.![]()
Цело време за нив е муабетот дека можат до четврто, не дај Боже лани, после добриот 5/5 старт, може да освојат титула ала Лестер.Цело време е тој муабет за нив "знаеш добар тренер имаат, убаво испазарија летово се засилија, за ЛШ можеби не ама до 7мо место можат."
*Не можат.
Се согласувам дека не е ќор тим. И секако очекувам во брзо време да пркнат, 16то место каде што се сега не е реално за клубов, има капацитет за повеќе. Но јас не сум толку оптимист во случајов *мислам дека си пристрасен малку ради Лампард.Цело време за нив е муабетот дека можат до четврто, не дај Боже лани, после добриот 5/5 старт, може да освојат титула ала Лестер.
Евертон не е ќор клуб. Има океј финансии, океј инсфраструктура, бил во некое не толку дамнешно време во местата кои водат до ЛШ.
Место кое води до Конференциска Лига (очигледно не сезонава и очигледно ако не му дадат време на Лампард, или било кој друг тренер) е реален домет. Не е неостварлив. Целосно реален домет, дури и во сезона како оваа е средина на табела, гравитирање околу осмо, деветто, десетто место.
Така, ќе зависат и од многу други фактори. Конкуренцијата стои.Се согласувам дека не е ќор тим. И секако очекувам во брзо време да пркнат, 16то место каде што се сега не е реално за клубов, има капацитет за повеќе. Но јас не сум толку оптимист во случајов *мислам дека си пристрасен малку ради Лампард.
Како што има добра основа за работа во Евертон, има и во Вила, Вест Хем, (ако опстанат) може сериозен играч да стане и Њукасл. Така да и за место во Конференциска Лига ќе треба добро да се потрудат.
Од друга страна проблем кај клубовиве е да ги задржат клучните играчи. Така истите играчи кои сега ги гледаме како добра основа, утре може да ги видиме на клупа во Сити.
Нема везе, го игнорирав тој дел. Не е мој начин на дискусија, бранење или аргументирање ставови.Така, ќе зависат и од многу други фактори. Конкуренцијата стои.
Само, во одредени проекции, јас и го гледам Евертон во близина на местата за Европа (Конференција). Не дека нешто на тацна ќе им се даде или под дифолт се подразбира. Колку и Лампард да работи добро, ќе се прашуваат и тимовиве што ги наброи.
Пристрасен не сум баш, бидејќи Евертон не го сакам некако. Резервиран ќе бидам околу поддршката кога ќе дојде време.
Лампард е океј избор, особено од понудениве, меѓудругото и поради огромното влијание и култниот статус во англискиот фудбал. Слично како и Џерард во Вила.
Едно е кога Лампард ќе свика по судии, ќе направи притисок, друго е кога извесен Вито од Португалија ќе дреме по аут линија. Сметам дека и тие ситни навидум неважни детали ги имаат земено предвид челниците на Евертон.
Другиот момент е добрата историја на Лампард со млади фудбалери, а Евертон има коректна школа. Тој меч-ап не е занемарлив. Ќе видиме, како и да е. Нималку лесна задача е ова за Лампард. Може да се случи да биде или брејктру или тотален колапс на неговата менаџерска кариера, водењево на Евертон.
Патем, ти се извинувам за првичниот цитат, настана недоразбирање. Некогаш сврзниците и распоредот на зборовите на интернет знаат да зафркнат работа.
Ако ја издржи сезонава вашиот мастермајнд добар е.Па да, во право си. Можеби требаше да размислат за велемајсторот Оле Гунар Солскјер, тогаш и за ЛШ ќе се бореа. Сезонава.
Не греши душа, Лампард со ништо не заслужил такви фанови, ама судбина шудапрајш?Ако ја издржи сезонава вашиот мастермајнд добар е.