10/15 Flee / Flugt - Данска
Да ја видиш Данска на кратка листа за Оскар за странски, па и во номинирани е најмало изненадување од се останато, што значи голема е веројатноста и овој филм да освои номинација. Во последниве 12 години вкупно 9 пати филмовите од Данска влегле во кратката листа, дури 6 пати биле номинирани за Оскар а два филма и освоиле Оскар за најдобар странски филм. Тоа ја прави најуспешна нација во таа категорија. Повеќето од тие филмови ги имам гледано, и не можам за ни еден скоро да речам дека било незаслужено. Така и сега - не е незаслужено, но мислам дека малку се преценува филмов. Најкраток од сите на листата, прв го симнав, а последен го гледам, зашто документарец анимиран ми беше многу чудна комбинација и мислев дека ќе не можам да го издржам. Но сепак, испадна и повеќе од гледлив. Филмот е ОК всушност, убава, тажна приказна, но моментот со анимацијата сметам дека му одзеде многу од емоцијата која таа приказна може да ја пружи. Вака не ме натера да сочувствувам, бев само нем сведок на исповед на еден лик сведен на контури, на едно анимирано човече, а не на некој со душа, со сопствен глас, со вистински солзи. Не знам, јас сметам дека малку ја преувеличуваат големината на филмов. Разбирам зошто човекот сакал да остане анонимен, но имало други начини да се направи тоа, не морало да го нацртаат. Измеѓу 6 и 7 ми е, на LB го оценив со 7/10, ама 7 на стаклени нозе.