Инаку кичеец го земав како пример, ама иам у глава едно 10 случаи каде казните беа 1 година а прекршоците од аздисување а не од невнимание.
Сечење на полна лента кај католичка, мажот загинат и жената бебето го узгуби, 1 година условна. Возење со 150(веројатно и пијан) и две жртви во Охрид, 6 месеци условна. Тој на партизанска што ја згази фросина мислам беше девојчето, пијан, возел со 100ка, ја гази на пешачки. Доби 4 години па падна на апелација. И тн да не ги набројувам другите. Било кој од овие да беше осуден повеќе, немаше да праиме муабет тука.
Зошто овој случај го условуваш со Кичеец и другите наведени случаи?
Ви ја разбирам тезата со
@Roy Fokker, и навистина иронично и глупаво е што луѓето не се жалеа на случајот со Кичеец. Но зарам тоа е причина и сега да не реагираат?
Како нефункционирањето на правдата и на системот во тие случаи, го оправдува евентуалното нефункционирање на правдата во случајов кој сега го дискутираме?
Нели наметнувате лажна дихотомија?
Само ти кажувам дека си праите конструкција у глава за ликов што е неточна.
Веројатно некои и претеруваат, можеби со имотната состојба. Но што ја прави твојата конструкција поточна?
Дечкото можел и југо да вози и да го напраи истото.
Колку судари со Југо, со смртни последици можеш да наведеш макар со пребарување?
Инаку дека можел, да можел. Но зборуваме за курчење и небезбедно возење... Кога ти лично си видел курчење и небезбедно возење со послабо поскромно ауто? И ако некогаш си видел, наспроти тоа гледање колку курчења си видел со јаки и/или нови/поскапи аута?
На крај и не е многу важно. Тоа што е важно е дека профилот на разгален копиљ кој не се замара премногу со последиците од своите постапки, веројатно не е далеку од реалноста. Тоа што е важно е дека тој копиљ уби невина девојка. Тоа што е важно е државата конечно да направи нешто да ги заштите своите граѓани, па сеедно дали од такви како Кичеец, како разни идиот, или како копиљов идиот. Тоа е важното.