А зошто мислиш дека фудбалерите и спортистите општо би требало да прават трансфери каде што ние мислиме дека е пологично.
Тоа си е негов избор, можеби од мал сакал да заигра во Јуве и пази тоа му е можеби побитно од тоа да оди во некој нафташки клуб кај што ќе му дадат дупло пари (не дека 7мил му се малку) и каде ќе има поголема слава. Зошто мора да сака да оди во Англија?
И крај краева од кај знаеме, може никој друг поголем клуб не покажал сериозен интерес.
Не мислам. Разговараме. Ептен го ценам Влаховиќ и мојата перцепција за неговиот развој на кариерата е поинаков. Не велам дека е исправна.
Разбирам совршено зошто фанови на Јувентус реагираат така како што реагираат. Природно е. Не очекувам некој да рече (особено не овде) ,,еј навистина, еден од најпросперитетните фудбалери и напаѓачи во светот, дојде во ваков хаотичен и во моментов без компас Јувентус". Не би било ниту нормално. Затоа сте навивачи.
Јувентус со овој трансфер доби седмица на лото и секоја чест за операцијата.
Само јас Влаховиќ го гледам како најдобриот млад шпиц во светот покрај Халанд. Нека е и позади Халанд во некој поредок, да не досаѓаат евентуално останатите.
Со моменталната форма (и со доза претерување), топ пет напаѓачи во свет. Плус-минус.
И како таков, искрено очекував дека ќе се врзе со клуб кој ќе излезе во пресрет на неговите амбиции.
Секако, Јувентус не е Салернитана па сега драматично да го доживуваме тоа. Напротив, не ми е таа поентата. Јувентус е италијански великан, но за жал сега само тоа може да му понуди на Влаховиќ. А и не само нему, туку на било кој добар проспект.
Зошто ова го велам? На што поточно топ талент како Влаховиќ не може да оддолее? На јасно структурирана екипа? Тренер? Игра? Филозофија? Соиграчи? Амбиции и трофеи?
Јувентус е во пад, пад кој ќе потрае. Исто така разбирливо по еднодецениско владеење и две финалиња во ЛШ.
Јувентус прашање е дали ќе може да игра во ЛШ редовно, не зборувам за повеќе. Прашање е и дали ќе може да се бори за Скудето.
Препознатлива игра нема, некој патерн, филозофија, нема. Играчот број еден не сака да потпише договор, играчот број два е повреден и вообичаено склон на повреди. Одбраната е комплетно за ремонт, Де Лихт е енигма, средниот ред не постои.
Имаш пијавици како Рабио, Ремзи, Бентанкур, Мората.
Пари начелно немаат (иако извадија од некаде за овој трансфер), па следствено на тоа не сум сигурен дека во догледно време ќе создадат сериозно квалитетен и јак тим како во првиот мандат на Алегри.
Накратко. Затоа уште еднаш, го поставувам прашањето, на која финта освен ,,ние сме Јувентус", и добра провизија на агент/плата има паднато Влаховиќ? Искрено зборуваме. Во мојата глава Влаховиќ е фудбалер што ќе игра и трпа во тим кој постојано е во борба за сите трофеи и со неговите игри активно ќе придонесува кон тоа. Или ако сакаш, овој трансфер да се случеше во 2017-та година, немаше да имам никакви забелешки.
Ваше е да го сфаќате тоа мислење навредливо и да се церекате како недоветни со емот-икони. Не зборувам за тебе, туку фан-базата тука.