За Јувентус несомнено фантастично засилување. Како, што, од каде, тоа си знае Ањели.
За Влаховиќ несфатлив потег. Дури и да сакаш да останеш во Италија, сигурно има и подобри решенија од овој Јувентус. Да беше Јуве од пред пет години, во ред.
Линија на помал отпор и огромно влијание на семејство/агент при изборот на следен тим. Абе научен си во Италија, Јувентус е голем тим, ќе се бориш за Скудето (?), ќе играш ЛШ (?), ќе си забиваш голови како од шала, мирна глава.
Заеби Англија, додека се навикнеш, па притисок, па медиуми на глава. Заеби и Интер, прашање е дали ќе играш таму, ете ги Џеко, Санчез, Кореа, Мартинез.
Инаку, да, Интер би бил за него далеку подобар трансфер доколку се одлучил конечно да остане во Сериа А.
Капак, какво и да е, еднострано, ривалството на Фиорентина со Јувентус не треба да е занемарливо. На Фиорентина и нејзините навивачи им значи премногу. Не потпишуваш договор, океј. Ама ако веќе си одиш, не мора баш да одиш во најомразената екипа.
Се извинува пред некој ден за промашената паненка против Џенова, демек таква работата на 3:0, а уште во јануари ја остава Фиорентина и тоа за Јувентус.
Мене ми е овој потег разочарувачки и ќе речам штета голема.