Значи слабо и англиски.
an
orbit is the curved trajectory of an object[1] во превод значи орбита е закривена траекторија на тело...
Преводот на мкд на википедија како беше?
Орбита — гравитационо закривена патека на телото околу точка во просторот
Гледаш како е додадено тоа гравитационо? Додадено е? Потребно е? Не, погрешно е преведено.
Од кога е потребно нештото да го видиш за да веруваш дека е така? Ти сакаш бесплатен лет до вселената за да се прошеташ, да ни докажеш нам дека Земјата е оркугла
Ти реков дека највисоко што сум летал е 9000м можеби и помалку... тоа мислам дека е премногу блиску до Земјата за да може да се види и повтрди било што. Инаку не ќе имаше теории на заговори
Затоа имаш теоретска физикa (не е теориска како што ти мислеше, дека содржи теории само ништо докажано) која користи математички модели и ти покажува со формули како нештата стојат во природата, а тие истите се користат во секојдневието.
Кос, вертикален истрел, хоризонтален, пад на тело - немаше да постојат како формули ако не можат да се докажат со едноставно фрлање на тело во даден правец и да се пресмета каде ќе падне и за колку време, според тежина, сила на фрлање, агол на таа сила итн итн... и оп - ете ти гравитација
Ги знаеш формулите на овие едноставни форми на движење? Може да ги напишеш?
Ме прашуваш како „оние долу“ како песната на Men at work, down under одат на раце со нозете кон небото?
Тоа ме прашуваш? Има едно нешто, гравитација... сите газиме на Земјата и главите ни се свртени кон небото, како симбол дека мора да растеме, да надминуваме
Знаеш всушност што е гравитацијата, мислам од што зависи? Зошто ја има? Мислам според твоето верување, што не лажат нас дека е гравитацијата? Немој мкд википедија или било каква википедија - ете ти ми кажи што сметаш дека е лажно во врска со гравитацијата? И што е маката со гравитацијата?
Сепак дојдовме дека гравитација јок не веруваме дека постои... ако предметите паѓаат на Земјата!
Не смеам за тоа да зборувам, за тоа како одат „таму доле“, бидејќи ќе се повтрди верувањето на рамноземјашите дека нивната вера е апсолутна вистина за сите и ќе мора да градиме нови храмови