Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Џ

Џонтра Волта

Гостин
За замена за лаутаро одма би зимал некој од сасуоло распадори/берарди или па ултраефтина опција Мертенс, а фудбал менаџер опција Тандиќ. Крај краева појма неам сигурно има некои хиени по бундеслига или франција. Вака само фудбал менаџер си играме, статистика вика дека лаутаро троши доста допки за да дојде до гол, и како таков не е незаменлив. Затоа и никој не загриза по него пошто е бот.
Реков достојна замена или играч достапен што ќе игра боље од него. Не да се срамиш вака со полуиграчи спомнати на тепка. Распадори у Сасуоло не игра уште бетон прва постава у Интер ќе ми игра пред Лаутаро. МЕРТЕНС 45 ГОДИНИ ИМА. Берарди зублето што 10 години никој не го изнесе од Сасуоло. Кој е тој Тандиќ? Ако е Тадиќ од Ајакс чао, 33 години има. Болдираново е најточно. :D
Како што ќе напраиш бе? Па хакими сам креираше голови од нигде никаде, отвараше многу повеќе простор за напаѓачите, знаеше да шутне со лева, да отвори контра, све да напраи. Мајстор на фудбалската игра. Офанзивни квалитети како премиум крило имаше.
Ни фали ли ова моментално? Дали Интер има проблем при стварање на напади и шанси за гол.
Што подобро од моменталново 1во место у лига со потенцијални +5 од вториот, пласирани во нокаут фаза од ЛШ и 1/8 финале копа италија?

Не недостига Хакими моментално, тоа го зборам од прееска иако летоска предвидувавте апокалипса на ова прашање.
 
Член од
4 октомври 2008
Мислења
384
Поени од реакции
1.299
Дамфриз е супер-солиден засега, на почетокот му требаше време да се акомодира на начинот на кој се игра фудбал во Италија тактички (за ова имаше и изјава, не знам дали тој самиот или Инзаги), а и малце на почеток и изгоре од желба да се покаже, ама се гледа дека дечкото е вреден играч и се труди доста, па сега веќе кога му налегна на тимов мислам дека е сосема солидна замена за Хакими. Не мислам во никој случај дека е подобар фудбалер, ама добра замена во однос на околностите.

Работата е што е лесно од овој аспект да се гледа дека едниот табор бил 100% во право и одлуката била прелесна, ама јас стојам дека во тој момент двете варијанти беа коцка и подеднакво ризични, едноставно немаше clear-cut точен одговор.
Ако правиме фудбал менаџер муабети за замена на Лаутаро, можда ќе беше добра опција онај Џулијан Алварез шо има 9283928 голови и асистенци во Ривер Плата, ама нормално, остануваше прашањето колку брзо би се акомодирал, исто како што беше и за Дамфриз.

Битно добро се заврши, и најбитно мистер Инзаги си гази, според мене то беше најбитниот фактор за дали ќе пркнеме или ќе пропаднеме сезонава, макар играле и со Дармијан десно и Ламборџини-Лавот-во-Кафез напред.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.721
Поени од реакции
59.983
Ете ти го Хакими со Мбапе, Нејмар, Меси, Ди Марија и Икарди и има 2 гола и третина асистенција за пола сезона. И сеа што праиме?
Ќе трошиме од праеното.

Ич небитно е што правел Хакими со ПСЖ, знаеме што праеше во Интер и во Серие А.

Коа поентираме на срамните изданија доаѓаш со оправдување од типот, па колку минути изигра, не ли глеаш дека повреден беше, не влегол у ритам бла бла бла.
Какво оправдување? П О В Р Е Д Е Н е. Значи нема што да се споредува, кога ќе игра ќе видиме. Секој може да се повреди, ако ти е тоа аргумент за флоп, фрли се одма од тераса, поштеди ме од губење време.

Едноставно дно допревте со срампертизите дека ДЕСЕН БЕК е повреден од НАПАЃАЧ.
Ти си дното а тебе те немаме допрено хехехе...

Хакими е повреден од Лаутаро во секој универзум. Маде од овца е Лаутаро, напаѓач вреди кога ја носи екипата на грб со голови, како Икарди и како Лукаку што правеа. Овој еднаш на пет натпревари погодува, Шкринијар, Бастони и компанија не вадат.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
40.054
Поени од реакции
116.992
Ич небитно е што правел Хакими со ПСЖ, знаеме што праеше во Интер и во Серие А.
Како е небитно, викаш да има некој јак напаѓач Хакими растур ќе правел, ете има 5ца јаки и не прави растур. Не разбирам што сакате од Лаутаро... Милион пати е објаснето дека е пребитен и за дефанзивниот дел бидејќи пресингот што го играме почнува од него. Се слагаме сите дека треба да ја подобри реализацијата, односно да не му требаат многу шанси за да даде гол, ама тоа треба сите наши напаѓачи да го сторат, не само он. Ретко се наоѓа таков пргав играч ко Лаутаро што знае да загради топка, да изигра со глава, да дае гол со еден потег итн.., така да не го чепкајте многу.

Околу дискусијата за тоа дали требаше Хакими или Лаутаро летоска може само да искоментираме дека Хакими е достојно заменет до сега и дека неговото отсуство не се осеќа многу. Дамфрис по слабиот старт игра многу добро и од меч во меч е се подобар. И Дармијан доста испорача сезонава, задоволен сум и од него. Веројатно да беше Хакими тука ќе имавме и поише голови дадено али што е тука е, финансиската состојба ни налагаше шиткање на еден играч и изборот падна на Хакими, по мене неслучајно зашо ако одеше Лаутаро јабана ќе беше проблем.
 
Член од
5 август 2007
Мислења
3.590
Поени од реакции
2.619
Да сум ја Кинезон, в лето го прам следново, и се зациментирам на врвот на Италија следниве 10 години, и минимум четвртфиналина во ЛШ.
Го продавам Лаутаро. (60че можи да му земиме па шо сака нека биди). Санчез, Видал, Весино на кљоци(првите двајца ради платите). Перо ако нејчи за помалку плата и тојна кљоци.
Купувам:
Влахович. Платата од Видал и Санчез му ја давам на Дибала, и автоматски имаме убиствен тандем, топ 3 на дуњава.
На местото од Перо, Костиќ.
Средина она детено од Сасуоло како му беше името.
Одбрана германчено за беспари.

Онана/Ханда
Милан...Де Фреј...Бастиони
Думфриз..Барела..Брозович..Хакан..Костиќ
Дибала..Влахович​
Е со овај тим ако не се прошетаме следниве 10 години до скудето, јас Е.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.721
Поени од реакции
59.983
Како е небитно, викаш да има некој јак напаѓач Хакими растур ќе правел, ете има 5ца јаки и не прави растур. Не разбирам што сакате од Лаутаро... Милион пати е објаснето дека е пребитен и за дефанзивниот дел бидејќи пресингот што го играме почнува од него. Се слагаме сите дека треба да ја подобри реализацијата, односно да не му требаат многу шанси за да даде гол, ама тоа треба сите наши напаѓачи да го сторат, не само он. Ретко се наоѓа таков пргав играч ко Лаутаро што знае да загради топка, да изигра со глава, да дае гол со еден потег итн.., така да не го чепкајте многу.

Околу дискусијата за тоа дали требаше Хакими или Лаутаро летоска може само да искоментираме дека Хакими е достојно заменет до сега и дека неговото отсуство не се осеќа многу. Дамфрис по слабиот старт игра многу добро и од меч во меч е се подобар. И Дармијан доста испорача сезонава, задоволен сум и од него. Веројатно да беше Хакими тука ќе имавме и поише голови дадено али што е тука е, финансиската состојба ни налагаше шиткање на еден играч и изборот падна на Хакими, по мене неслучајно зашо ако одеше Лаутаро јабана ќе беше проблем.
Дај жити мене не ја разводнувај дискусијата, глава нека кршат во ПСЖ. Знаеш и самиот што мислам. За ПСЖ не знам ни каква игра играат, ни што зависи од Хакими, какви задачи има таму, ни каква формација тераат, ништо не знам буквално и затоа не се замарам. Во нашава екипа Хакими не е еден од многу ѕвезди туку буквално се оди преку него во напад, знаеш и самиот како ќе изгледаше сегашнава екипа да го имавме, хипотетички. Еве и Лукаку ништо не игра во Челзи, во Интер знаеме сите како беше. Се надевам ме разбираш.

Од Лаутаро ништо не очекувам, не го ни критикувам, туку ќе почнеме некакви споредби Хакими Лаутаро, и ќе излезе дека го мразиме Лаутаро на крајот... добар играч е и среќа што е тука кога овие заминаа, но далеку е од незаменлив, не е топ класа напаѓач, не може да го постигне бројот на голови на Икарди или Лукаку никогаш.

Се што споредуваме всушност е која комбинација е подобра: послаб бек од Хакими + Лаутаро или послаб напаѓач од Лаутаро + Хакими.

Тоа што Џонтра, ти или Чекич сте на спротивната страна е во ред, ама намалку што очекував сабајлево после повреда на Кореа да се тера муабет кој бил во право кој не бил. Мене на крај памет не би ми паднало да го пишам истото да се повредеше Дензел.



 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.313
Поени од реакции
10.524
Не разбирам што сакате од Лаутаро... Милион пати е објаснето дека е пребитен и за дефанзивниот дел бидејќи пресингот што го играме почнува од него. Се слагаме сите дека треба да ја подобри реализацијата, односно да не му требаат многу шанси за да даде гол, ама тоа треба сите наши напаѓачи да го сторат, не само он. Ретко се наоѓа таков пргав играч ко Лаутаро што знае да загради топка, да изигра со глава, да дае гол со еден потег итн.., така да не го чепкајте многу.
Сепак разбираш што сакаме од Лаутаро. Не може бе цел тим да го величиме за дефанзивните задачи, а напред нема кој гол да даде. Сите напаѓачи ни се на центар и се пимплаат со топка, а Бастони и Дамброзио у шеснаесетник чекаат. И после ќе се чудиме што Дамброзио промашил со Аталанта зицер за победа. Па што кур бара он таму, кај е тука некој што примарна задача му е да даде гол.

Доволно е да кажеме дека братот е рекордер у ЛШ сезонава, има највеќе удари на гол, вкупно 25 и точно 0 голови. Ако ова не е аларм дека е у очај форма, не знам.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Ио ај не глуми жртва сеа дека се вадиме на повредата кога барем јас упорно уште од летоска трубев дека Кореа поима нема и дека се превише 30 милиони за него и дека никогаш во животот нема да биде ни близу достојна замена за Лаутаро. Не знам што се вадите со повредава сега коа пак баравте оправдувања коа беше слаб во шансите што ги доби.

Ова со повредите само го потврдува тоа дека моментално Интер флопна у намера да се појача со Хоакин Кореа. Требаше малце да размислат на кого даваат 30ка со оглед на тоа што е позната историјата на повреди на Кореа, на страна фудбалските квалитети кои никогаш и не биле нешто уау.

Тоа ти е слично сега рандом екипа да плати 20 милиони за Сенси и после да вика абе овој повреденко бил не се важи тоа што потрошивме 20 милиони а дечкото не игра.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.313
Поени од реакции
10.524
Тоа ти е слично сега рандом екипа да плати 20 милиони за Сенси и после да вика абе овој повреденко бил не се важи тоа што потрошивме 20 милиони а дечкото не игра.
Баш тоа и го направивме. Го откупивме иако умираше.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Баш тоа и го направивме. Го откупивме иако умираше.
Сенси ако ништо друго има покажано дека е добар играч и дека има фудбал у него да не се повредите.

Кореа не знам со што ве убедил дека е добар играч и достоен лик да го води нападот на Интер кој сака да се бори за титули.

Уште ги чекам достапните и достојни замени и боље играчи од Лаутаро.
Од друга страна пак ќе повторам, Хакими како така, го заменивме и моментално не осеќаме криза од таа позиција, ко што ќе почнеме да се тресеме ако до мај ќе треба да играме со Лаутаро, 35 годишен Џеко, секогаш под знак прашалник Санчез и повреден Кореа.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.721
Поени од реакции
59.983
Ио ај не глуми жртва сеа дека се вадиме на повредата кога барем јас упорно уште од летоска трубев дека Кореа поима нема и дека се превише 30 милиони за него и дека никогаш во животот нема да биде ни близу достојна замена за Лаутаро. Не знам што се вадите со повредава сега коа пак баравте оправдувања коа беше слаб во шансите што ги доби.

Ова со повредите само го потврдува тоа дека моментално Интер флопна у намера да се појача со Хоакин Кореа. Требаше малце да размислат на кого даваат 30ка со оглед на тоа што е позната историјата на повреди на Кореа, на страна фудбалските квалитети кои никогаш и не биле нешто уау.

Тоа ти е слично сега рандом екипа да плати 20 милиони за Сенси и после да вика абе овој повреденко бил не се важи тоа што потрошивме 20 милиони а дечкото не игра.
Чекич ме прозиваше инаку немаше да има никаков разговор околу ова. Прочитај како почна дискусијава: се повредил Кореа и затоа Ио не бил во право. Тешка глупост, да игра па да не го бива е друго. Човекот е уништен од повреди, не може да врзе 3 натпревари, што дискутираме воопшто?

Не знам зошто форсирате, нити некој вели дека Кореа е подобар од Лаутаро нити дека Дензел е подобар од Хакими. И двата се даунгрејд, се што зборуваме од самиот почеток летото, до сега, е која комбинација е подобра: послаб напаѓач и Хакими, или послаб бек и Лаутаро.

За Кореа не знам што ме напнувате толку, врати се назад на дискусиите, никаде не беше мој избор Кореа за напаѓач, кога веќе дојде, добредојде. Можеби можеше да се најде подобар но Инзаги го сакаше него. Во секој случај, се повреди два пати до сега, пропушти скоро се, кога играше беше многу повлечен, играше со топка на 40 метри од гол наместо во 16 метри, можеби такви му биле и задачите. Човекот игра и за Аргентина и до првата повреда одлично му одеше, после се заеба се.

Небитно на крајот, не може да игра, а и да играше и да беше здрав, ние пак не можеме да го решиме прашањето, затоа што Кореа игра со Дензел и со Дармијан а не со Хакими. Така да не можеме да видиме како ќе изгледаше тоа, ама со оглед што Хакими им ги местеше на тацна, сигурно ќе беше добро.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.313
Поени од реакции
10.524
Сенси ако ништо друго има покажано дека е добар играч и дека има фудбал у него да не се повредите.
Одма ми е полесно чим знам дека знае фудбал, ама не може да пружи партија пошо не е здрав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom