Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?

  • Вкупно гласачи
    729

Eisenhorn

Lord Inquisitor
Член од
6 мај 2009
Мислења
4.094
Поени од реакции
9.402
Но од друга страна еден пво систем во Србија тактички неутрализира Авијација од цел Балкан. Без да навлагаме што значи значително воено присуство на Русија во Србија за НАТО.
Нели притиснаа Србија да не зема С-400 и не земаа? Или јас лошо разбрав.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Нели притиснаа Србија да не зема С-400 и не земаа? Или јас лошо разбрав.
Србија имаше на кратко с400 за една воена вежба. Никад немало муабет да земе. За тоа притискаа и го оценија како провокација.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.395
Поени од реакции
5.021
Не кажа ништо фундалементално различно од тоа што веќе го кажав, и јас и други.

Тука е моментот со логистиката, кој не го разбираат некои овде.
Таа војска е на домашен терен. Русија таа војска ја сместува и ја храни, ја плаќа, независно од ангажманот. Трошоците не се многу различни од планираните/тековните... Но ако НАТО/САД се вмешаат, за нив логистиката ќе биде многу поскапа.

Не е исто водење војна на свој терен, и далеку од дома. Но тоа веќе го разбира секој што барем малку ја разбира тематиката на дискусијава.
Не функционира тоа така. Таа војска е повлечена од своите воспоставени центри низ цела Русија, од Сибир до Кавказ. Треба целосна нова логистика за одржување на целата војска моментално стационирана на границите со Украина. Исто така, најголемиот дел сега треба да се во оперативна состојба, за разлика од што би било во резервна состојба во матичните бази. Тоа не може да се одржи на долг рок (години) без огромни трошоци.
Русија губи дури и ако релативно лесно ја освои цела Украина.
Не е целта (најверојатно) окупација, бидејќи тоа не само што знае да биде скапа авантура, туку дали и нешто постигнува на долг рок?
Русија сака да ја има Украина пријателски настроена, што во моментов е обратно.
Русија се надева дека со воена интервенција ќе предизвика промени во Украина во нејзина корист. Или без воена интервенција со блефирање, трупање огромни војски, доколку има опозиција што може да ги предизвика тие промени.

Најверојатната опција засега, брза, кратка војна во која Русија ќе се обиди да ги уништи само Украинските воени капацитети. Тоа би требало да има последици позитивни за Русија во Украина на долг рок, како политички смени, обезбедување одредена територија, блокирање на влез на странски војски во Украина и сл.
Но тоа ќе има големи последици врз Русија од страна на Европа и САД.

Проблемот е што Русија нема избор, на некој начин е притисната да реагира вака. САД ја вооружуваат Украина, конфликтот последниве години е на ниско ниво, но доколку Русија не превземе нешто, може да ги загуби териториите кои моментално ги држат, а тоа ќе има понатамошни последици. Најверојатно мислат дека ако сега не реагираат, понатаму секој потег ќе ги чини поскапо.
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.783
Поени од реакции
5.056

Нема Русија да нападне нема логика. Ќе се повлече. Скапо ќе плати ако се обиде да ја окупира Украина.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Што фали во наративата на одредени проруски проститутки т.н. бачиња, тука на форумов, кој секој што мисли различно од нив го оквалификуваат како прозападен или недај Боже платеник:

1. Да ги прошират малце погледите бачињата и да се информираат од повеќе места за да си оформат сопствено мислење.

2. Да не мислат дека секој што мисли различно од нив мора да е прозападен или платеник, бидејќи ако се тие тоа, и ако тие си го дале газот свој под кирија, не го прави тоа секој. Некој размислува и со своја глава, не му треба на секој ментор со интелектуален профил како Јачев Банко....

3. Да се симнат малце на земја со мозокот, и да се соочат со реалноста, дека ниту се најпаметни тукам, туку напротив, па да се дрзнат уште и да оценуваат кои факти ја отсликуваат реалната состојба, и да не вршат пичкарскокомунистички пропаганден терор со тие според нив `факти` кои им одговараат, односно за кои `факти` ги натерале или им платиле да веруваат во нив, а кои не. Зошто личат на исфрустрирани личности кои во детството биле малтретирани од соучениците па сега си глумат тука некоја си самосебе замислена тастер интелегенција, добиле малку самодоверба (што би рекол дедоми, му намигнало некое женско, а не ме чуди и да било тоа машко), па сега мачето се гледа во огледало се мисли дека е лав. Смирете доживљај, не можи секој да мисли како вас, а и фала Богу што е така :).
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Не е целта (најверојатно) окупација, бидејќи тоа не само што знае да биде скапа авантура, туку дали и нешто постигнува на долг рок?
Русија сака да ја има Украина пријателски настроена, што во моментов е обратно.
Русија се надева дека со воена интервенција ќе предизвика промени во Украина во нејзина корист. Или без воена интервенција со блефирање, трупање огромни војски, доколку има опозиција што може да ги предизвика тие промени.
Овој дел не ми е логичен, како ќе придобиеш држава ако им ги убиваш војниците/децата? Не е Путин у саксија растен.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Ова веќе иде во опасност како што велат америте, за overanalyzing.
Повторно, сметам дека работите се поедноставни:
- ако Украина почне офанзива во Донбас/Луганск, Русија воено ќе интервенира
- ако САД ја примат Украина во НАТО (или најават такво нешто), Русија воено ќе интервенира

Едноставно Русија ги има поставено фигурите на таблата, сега само чека да реагира. Ако се деси офанзивата против Донбас/Луганск, или НАТО членство, Русија ќе имаат касус бели (без да коментираме колку е истиот исправен/легален пошто тоа очигледно е релативна работа). Ако се деси такво нешто, во исходот нема воопшто да се сомневам. Воените цели ќе ги остварат, не гледам ни теорија да не се остварат. Окупација на Украина нема да се случи ни во тој развој на настаните, но очекува многу повеќе региони во Украина дека ќе „побараат независност“, како Донбас и Луганск.
Политички што ќе се случува потоа, тоа е веќе нешто други и може да биде предмет на секакви теоретизирања.

П.С. Од аспект на логистиката, ајде те молам... колку разлика има во трошкови за војската дали е во регионите окулу Украина, или во матичните касарни? Не заборавај дека во Русија во скоро сите региони има големи касарни, уште од времето на СССР, а шатори и слично не се некоја скапа технолгија и секако ги имаат залихите. Не, сето ова воопшто не „премногу скапо“ како што кажуваш. Не е ни делче од трошоците кои ги имаат на пример, во Сирија. Во секој случај очигледно се работи за трошоци кои можат да си ги дозволат.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.299
Поени од реакции
1.806
Украина е Западно прокси.
После пучот 2014 е со колонијална власт поставена од запад. Паметиме Прошченко после пучот, не го чуваше украинска армија и полиција а полски специјалци.
Од тогаш не постои Украина како држава, за 7 години изградија сериозен фашизам, силна пропаганда, колку може русофобија, иако 60% се руски народ, не разбираат украински. Самото име Окраина значи покраина, освен Лвов тие се со полски корени, но се малцинство. Правам аналогија со СФРЈ, Можело и да нема Босна, или автономии Косово и Војводина, но Тито бил Хрват и така ги направил границите, слично и СССР можело Русија, Белорусија и Украина да е една република, но за да нема некој толку голем ги направиле 3 републики. Требаше како Германија деведесеттите години да се обединат, но гнилиот запад, нема милост.
Запад ги готви укрофашистите за војна операција против Русија, но со толку руси во украина, неможе.
Од некакви причини Путин не идеше до крај 2014, иако им фалеше само мала помош.
Гиркин парче ги направи, симнуваат една Нона од споменик, ја подмачкале запалиле и во борба, ги моли дајте 20-30 тенка, Николаевск и Харков им беа на тепсија.
Така или иначе Имаат ЛНР и ДНР, Игор Стрелков е жив, и не е само он;), ако треба со нова офанзива брзо ќе стигнат до Лвов.
Очекувам до пролет Путин да испровоцира и почне офанзива, нема што да чека запад да лицемери и чека офанзива. Реално НАТО провоцира, има и десетина жртви во ЛНР и ДНР, мислев дека ќе се разберат Бајден Путин, за сега незнам, ќе видиме.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.723
Поени од реакции
49.146
А до каде сака Русија да оди уствари внатре во Украина. Ете ќе го поминат Донбас и после што? Каде би интервенирале при инвазијата, што би правеле во деловите во Украина каде што нема Руси.
Официјалната причина за инвазија и напад која би била, нешто треба да се наведе ваљда.. Не може да кажат: ние влеговме за да државава не влезе во Нато
 
А до каде сака САД и ЕС до Сибир, сакат се. Добро што не им успеа пучот Белорусија и Казахстан. И Русија ја сака цела Украина и источна Европа и ќе си ја земат. Како Кенеди не даде ракети на Куба, така и Путин нема да ја даде Украина.
Дали ЛНР и ДНР сами ќе ја ослободат цела Украина, не е битно, или како во Сирија непознати авиони/на Израел бомбардираа 5 години/, многу лесно може непознати авиони да ја бомбардираат куќата на Зеленски или неко склад...
Земи пуканки, ќе видиме, и Македонија ќе биде во евроазиски конгломерат.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Официјалната причина за инвазија и напад која би била, нешто треба да се наведе ваљда.. Не може да кажат: ние влеговме за да државава не влезе во Нато
Koja беше официјалната причина за инвазија на Грузија?
Истото ќе биде и во овој случај, Лавров ќе излезе пред камери и со озбилна фаца ќе каже „Заради украинските воени дејствија против цивили, моравме да реагираме ги заштитиме руските државјани во Украина“.

Ајде жити се, демек претекст било проблем да се најде. Америте ги прашува некој за причина, зошто ја бомбардираа Либија? Гадафи бил диктатор демек. Зошто ја бомбардираа Југославија? Милошевиќ бил диктатор... Итн, итн.
 
Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.992
Поени од реакции
5.607
Не ве разбирам што толку ја величате Русија мислиш извор на доброто во светов е ...
Не бе, кое величање ти, гледаш си живеат во свој измислен свет, си носат наочарчиња какви што ќе му купат газдите, така ќе си гледаат...

Се меша САД во работите на друга држава? Да.. Го осудувам тоа...

Се меша Русија во работите на друга држава? Да.. Го осудувам тоа...

Е ова е мое мислење, и сум обвинуван дека сум прозападно ориентиран, а јас си го кажувам само мислењето.

Сега тие под превезот на таа нивна „неутрална“ страна, ми продаваат овде мадиња за бубрези дека тоа што го правеше САД во Авганистан беше мешање на САД во внатрешните работи на Авганистан, и дека не смее да се дозволи тоа, а тоа што Русија се спрема да влегува во суверена Украина, тогаш тоа е во ред и дека се во право, само по нивна некоја логика. Истите тие осудуваат независно Косово под патронат на Америка, а ги гледаш доживеаа оргазам кога Русија си го припои Крим од независна Украина, а истовремено фрлаа со камења по Америка зошто била вмешана во шарената револуција во Украина. И САД се меша, и Русија се меша..Тие си имаат свои интереси, и не барајте фер игра и фер борба. Само не дозволувам некој да ми потценува интелигенција правејќи се на тошо, а се неутрални онолку колку што е мажествен син му на Меџик Џонсон.
 
курајбер

млад, потентен
Член од
29 јануари 2007
Мислења
16.723
Поени од реакции
49.146
Абе добро, супер е се тоа, ама и покрај се, во териториите кои ги завладеале САД секогаш имало добар дел населението кое било на нивна страна и давало поддршка на инвазиите и бомбардирањата.
Како ќе каже Лавров дека има воени дејствија против цивили кога такво нешто немало? Како ќе одржуваат власт во западните територии во кои се непожелни?
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
19.498
Поени од реакции
27.316
Абе добро, супер е се тоа, ама и покрај се, во териториите кои ги завладеале САД секогаш имало добар дел населението кое било на нивна страна и давало поддршка на инвазиите и бомбардирањата.
Се заебаваш сега :)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.721
Поени од реакции
33.967
Што ќе им е западот?
После евентуалната воена интервенција (која сите знаеме како ќе заврши) едноставно ќе се прогласат за независни уште неколку региони покрај Донбас/Луганск (на пример Мариопол, Одеса, итн) и исто како што се денес независни Осетија и Абказија во Грузија. Тоа ќе биде замрзнат конфликт што ќе ги спречува САД да ја внесат Украина да влезе во НАТО/ЕУ... После неколку децении самите Украинци ќе бараат влез во источните алтернативи (како Грузија пред неколку години).

Абе добро, супер е се тоа, ама и покрај се, во териториите кои ги завладеале САД секогаш имало добар дел населението кое било на нивна страна и давало поддршка на инвазиите и бомбардирањата.
Добар хумор, морам да признам. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom